Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Најдобрите земји за одгледување на деца

Најдобрите земји за одгледување на деца

Извештајот од оваа година покажа во кои земји најубаво живеат родителите заедно со нивните малечки.

Универзитетот во Пенсилванија од 2016-тата година составува листа на најдобрите земји за одгледување на деца. Земајќи го во предвид овогодинешниот извештај, најдобри се скандинавските земји Данска, Шведка и Норвешка, по тој редослед на првите три места.

Данска е прогласена за најдобра држава за одгледување на деца поради тоа што е многу “дарежлива” кога станува збор за породилното отсуство за мајките и татковците, а има и најдобар здравствен систем и образование.

Од слични причини на второто и третото место се Шведска и Норвешка, како и поради тоа што имаат добри социјални програми и низок степен на криминал.

Во петте најдобри земји за одгледување на деца се и Канада и Холандија, а понатаму ги пратат и Швајцарија, Нов Зеланд, Австралија и Австрија.

Велика Британија е на 11-то место, а полоши оцени доби поради нееднаквата заработка меѓу мажите и жените, но и поради тоа што голем број на деца се раѓаат во сиромаштија.

Германија е на 13-то место, следат Франција, Италија и Шпанија, додека САД е на 18-то место поради лошите оцени за небезбедност, политичка стабилност и нееднаквата заработка меѓу мажите и жените.

Комшиската земја Грција е на 21-во место, Хрватска на 24-то место, Бугарија на 42-ро место, Србија на 62-ро место од оценувани 73 земји, додека нашата земја ја нема на листата.

Кога станува збор за земјите кои се најлоши за одгледување на деца, во топ десет се: Казакстан, Либан, Гватемала, Мјанмар, Оман, Јордан, Саудиска Арабија, Азербејџан, Тунис и Виетнам.

Оставете коментар
Close