Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Најнова одлука поради сигурноста на децата: Задолжителен аларм во автоседиштата

Најнова одлука поради сигурноста на децата: Задолжителен аларм во автоседиштата

Најновата одлука е донесена во Италија, а истата има за цел да се спречи заборавање на децата во автомобилите од страна на возрасните.

Во Италија од денес е на сила одлуката со која родителите на малите деца треба задолжително да имаат инсталирано аларм  во детските седишта за автомобил како не би ги заборавиле децата во возилото.

Одлуката на министерството за транспорт е донесена како би се спречила смртта на децата, како што се случи пред два месеци во Сицилија, кога еден татко заборави да го остави детето во градинка и го заборави пет часа во врелиот автомобил.

Алармните уреди мораат да емитуваат аудио и визуелни сигнали кои можат да се чујат и видат во возилото и надвор од него.

Алармот се огласува кога детето е оставено во автомобилот, пренесува АП.

Одлуката важи за седиштата за автомобил за децата помлади од четири години.

На оние кои нема да се придржуваат кон ова правило им се заканува казна од 326 евра и одземање на поени во возачката дозвола.

 

Оставете коментар