Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Најнова технологија: апликација која открива воспаление на увото кај детето

Најнова технологија: апликација која открива воспаление на увото кај детето

Научниците од Универзитетот Вашингтон направија голем чекор во технологијата, кој им помага на родителите од дома да го препознаат воспалението на увото.

Инфекциите на увото кај децата се доста чести и ужасно се досадни. Сепак сега се може да им биде полесно на родителите. Научниците од Универзитетот Вашингтон направија апликација за телефон која ја открива инфекцијата на увото.

Истражувачите тврдат дека овој дијагностички метод ќе биде подеднакво ефикасен како и посетата на лекар. Се што ќе ви треба е апликација инсталирана на телефон и хартиена туба залепена за долниот дел од уредот (самите ќе ја направите).

Актуелните податоци покажуваат дека скоро секое дете барем еднаш до третата година ќе добие воспаление на увото. Поголемиот број на воспаленија ќе поминат сами, но оние хроничните можат да предизвикаат собирање на секрет во средното уво и проблеми со слухот.

Токму такви ситуации ќе избегнете со помош на апликацијата, пишува Gizmodo.

Првото тестирање на апликацијата EarHealth покажа 85% точност во откривањето на секретот во средното уво.

Истражувачите кажуваат дека апликацијата би требало да се користи од дома и да им ја олесни на родителите одлуката за одењето на доктор.

Еден од авторите на проектот, докторот Џастин Чен вели дека апликацијата може да се користи и во ординациите во случај на недостаток на професионални уреди.

“Дури и во земјите во развој, паметните телефони се вообичаени, така што апликацијата на докторите специјалисти ќе им даде поголема прецизност и навистина може да го промени начинот на кој се лечи воспалението на увото на глобално ниво” вели Чен.

Оставете коментар