Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Најнови истражувања: секое седмо бебе во светот се раѓа со намалена телесна маса

Најнови истражувања: секое седмо бебе во светот се раѓа со намалена телесна маса

Спрема податоците за бебињата родени од 2000 до 2015 година, научниците воочија голем број на бебиња родени со намалена телесна маса.

Од повеќе од 20 милиони бебиња ширум светот, практично едно од седум, е родено со намалена тежина во 2015 година. Тоа се малку подобри резултати во однос на 2000 година, но сепак мали за превенција на здравствените проблеми, спрема новата студија.

Истражувачите од Лондонската школа за хигиена и тропска медицина, Уницеф и Светската здравствена организација ги анализираа податоците од владината база на 148 земји помеѓу 2000 и 2015 година.

Глобално, 20,5 милиони (14,6%) од бебињата родени во 2015 година имаа намалена телесна маса, односно помалку од 2500 грама.

Нормално, резултатите варираа од држава до држава, но интересен е податокот дека 91% од бебињата со намалена телесна маса се родени во ниско или средно развиени земји.

Намалената телесна маса по породувањето се јавува кај предвременото породување, или пак доколку бебето не е доволно зрело за гестациската недела во која се наоѓа, поради рестрикција на раст во матката.

“Тежината е најважен фактор кој на самиот почеток од животот укажува на идното здравје” истакнува професорот Џој Лон, автор на студијата.

Кај бебињата со намалена телесна маса има поголема шанса да дојде до намален раст, одложување на развојот или состојби како дијабетес и кардиоваскуларни проблеми.

 

Оставете коментар