Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Најпопуларните имиња за 2019 година во светот се користат и кај нас

Најпопуларните имиња за 2019 година во светот се користат и кај нас

Можеби и вашите малечки носат некои од најомилените имиња во светот.

Првата половина од 2019 година е позади нас, па порталот BabyCenter состави листа од најпопуларните имиња до сега. Анализираа десет илјади регистрирани имиња за бебиња на своите страници во последните шест месеци, како би дознале што им се допаѓа на родителите.

Открија прилично интересни трендови.

Имено, заклучија дека Bregzit има големо влијание на потомците, затоа што родителите во Велика Британија најчесто бирале “силни и стабилни” имиња како што се Џејсон, Џон, Хана и Ема.

Популарноста на името Давид е исто така во пораст, како и Грета меѓу девојчињата. Забележано е и зголемено интересирање за името Ајви.

Наспроти трендовите, имињата кои спрема популарноста ги завземаат првите места не се големо изненадување. Во 2018 најпопуларните имиња за девојчиња биле Софија, Оливија и Ема, од кои две останаа меѓу топ три и оваа година.

Најпопуларните имиња за девојчиња во 2019 година се: Оливија, Софија, Лили, Ава, Миа, Исла, Амелија, Фреја, Изабела, Емили, Арија, Евија, Грејс, Ела, Ајви, Софи, Вилоу, Шарлот и Елси.

Најпопуларните имиња за момчиња во 2019 година се: Мухамед, Ноа, Џорџ, Оливер, Чарли, Хари, Лео, Артур, Џек, Фреди, Итан, Џејкоб, Тео, Оскар, Алфи, Хенри, Арчи, Џошуа и Томас.

Оставете коментар