Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Најубавиот парфем во светот – мирисот на бебешката глава

Најубавиот парфем во светот – мирисот на бебешката глава

Прашањето од каде потекнува мирисот на новороденчето сега доби научен одговор.

Тим на научници на чело со професорот Мамико Озаки од јапонскиот Универзитет во Кобе ја идентификувал хемиската структура на мирисот произведен на главата на новороденчињата, пишува National Geographic.

Новата студија се бавела и со хемискиот состав и психолошките влијанија на мирисот на бебешката глава како би се открило како тој сладок мирис може да им помогне на бебињата да го привлечат вниманието на родителите.

Научниците најнапред опремиле пет новородени бебиња со посебни шешири полни со зрна кои впиваат мирис, а потоа собирале мириси од плодова вода. Веднаш по анализата на примероците, Озаки и неговиот тим ги откриле своите први револуционерни резултати – иако многу научници сметале дека мирисот на бебешката глава потекнува од амнионската течност, нивната анализа покажала дека хемикалиите присутни во бебешките глави се различни.

Тоа значи дека на бебешките глави постои нешто посебно шти им дава мирис.

Всушност, мирисите собрани неколку часа по раѓањето биле многу поинакви од оние собрани после неколку денови. Тоа значи дека бебето може да ја изрази својата индивидуалност низ мирисот кој го произведува брзо по раѓањето во споредба со неколку дена подоцна.

За бебето е важно да формира јасна врска со родителите веднаш по напуштањето на матката, а мирисот на неговата глава веднаш работи на тоа.

Сето тоа е фасцинантно само по себе, но станува уште поинтересно кога ќе видите што тоа значи за возрасните.

Истражувањето објавено во едно швајцарско истражување покажало дека мирисот на новороденчето е толку моќен што е во состојба во мозокот на возрасните да предизвика силно чувство на задоволство кое личи на она кое се случува кај зависниците од психоактивни супстанци.

Тоа покажува дека без оглед на тоа која супстанца бебињата ја произведуваат како би го створиле тој мирис, тој делува како единствен идентификатор кој би можел да се користи за формирање на врска со родителите и да осигура бебето да биде нахрането, облечено и безбедно.

 

 

Оставете коментар
Close