Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Најважни витамини и минерали во исхраната на бебињата

Најважни витамини и минерали во исхраната на бебињата

Витамини и минерали кај бебињата

Витамин А

За правилен раст на бебињата, добар вид, здрава кожа и забната глеѓ.

Бебе го внесува преку: џигер, риба, јајца, полномасно млеко, путер и маргарин. Истотака преку: компир, кромид, темно зелен зеленчук, домат, портокали, кајсии и праски.

 

Витамин Б

За нервниот систем и раст; како помош при варењето; ја преобразува храна во енергија

Храна највисока од витамин Б е џигерот и квасецот. Останати  производи кои содржат витамин Б се: месо, риба, млечни производи и јајца, потоа цели зрна житарици, пченични ркулци, зелен зеленчук, кромид, банана и ореви.

 

Витамин Ц

За раст и зацелување на раната; помага да се апсорбира ѓубриво

Најмногу витамин Ц содржат: цитрусното овошје, домат, брокули, пиперка, компир, карфиол, спанаќ, блитва, јагода, капина, дињи и папаја.

 

Витамин Д

За правилен раст на коските во комбинација со калциум

Се создава во кожата под дејство на сончева светлина. На бебињата до една година, како и во зима во текот на втората година од животот, мора да им  се дава и  во вид на капки.

Во помали количества го има во: живината, масните риби, јајца, млечни производи, маргарин и овошје.

 

Витамин Е

За црвени крвни зрна; помага во создавање на структурата на клетката

Најмногу го има во: растителни масла, маргарин, ореви и пченични житарици.

 

Витамин К

За крвни садови, внатрешни органи и коскена структура

Се наоѓа се во цели зрна житарици и повеќето зеленчук.

 

 Железо

За здрава крв и мускули

Анемија, поради недостаток на железо е многу честа појава кај децата. Се манифестира со општа изнемоштеност и умор.

Најмногу го има во: црвено месо, џигерот, масна риба, јајца; потоа во: суво овошје, житарици од цели  зрна, грав, лиснат зеленчук и чоколада.

 

Калциум

За јаки коски и заби

Најмногу го има во млеко и млечни производи. Освен тоа,го има и во  сардини, суво овошје, житарици, мешунарки и броколи.

Оставете коментар
Close