Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Највкусен прилог на секое јадење: Кремаст карбонара компир

Највкусен прилог на секое јадење: Кремаст карбонара компир

Во продолжение на овој текст ви претставуваме рецепт за карбонара компир кој децата ќе го обожаваат.

Потребно ви е:

5-6 компири

200 гр. шунка или сланина

30 мл. масло

Една лажичка мајчина душичка

Карбонара сос (готов или домашен)

30 мл. свежо млеко

70 гр. рендан кашкавал

Припрема:

Компирот излупете го и исечете го на кругови. Редете го во сад за печење заедно со ситно исецкана шунка. Прелијте со масло и со малку вода, покријте со фолија и печете на 200 степени околу 40 минути.

За тоа време изматете го прашакот за сос заедно со млекото или направете домашен од павлака, јајца и пармезан. Кога ќе ја отстраните фолијата од садот, прелијте го компирот со сос и вратете го во рерна на 5 минути.

После тоа извадете го и посипете го со рендан кашкавал, па пак вратете го во рерна додека кашкавалот не се запече.

На здравје!

 

 

 

Оставете коментар