Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Настинка и грип

Настинка и грип

Што е настинка и како настанува?

Обичната настинка или кивавица е најчеста инфекција на горните дишни патишта кај малите деца, а предизвикана е од вируси кои го инфицираат носот, ждрелото или синусите.

Инфекциите на дишните патишта најчесто се јавуваат во ладниот период од годината, односно во текот на есента и зимата, кога децата долго време поминуваат во затворен простор, а многу од нив се од колективни простории (градинка, училиште и др.), каде што се во близок контакт со голем број деца. Поради тоа што децата уште немаат развиен имунитет, а во околината има многу различни вируси-настинката и другите респираторни инфекции се честа појава при секое растење. Бебињата и малите деца во градинките се најчесто изложени на настинки. Понекогаш тие се многу чести, па ви се чини дека вашето дете е нон стоп болно.

Малите деца на возраст од 2 години може да имаат 8-10 настинки годишно, се додека малку не им се зголеми имунитетот, што се случува после втората година. Со време детето ќе го развива имунитетот против многу вируси, што најчесто се случува најчесто на возраст од 6-7 години, така што и настинките ќе бидат поретки.

Како се добива настинка?

Вашето дете може да добие настинка многу лесно: преку кивање или кашлање, по директен контакт-со бакнеж или допир со болна личност, или индиректно со допирање на заразени предмети, како марамчиња, кваки од врати... Некои вируси, вклучувајќи ги и дијарејата и грипот, на овие површини можат да преживеат и после многу часови.

Како да препознаете дали вашето дете има настинка?

Најчести симптоми и знаци за настинка се:

-Затнат нос или нос кој тече.

-Кивање.

-Кашлање.

-Главоболка.

-Блага инфекција на грлото.

-Мала болка во грлото.

-Губење на апетитот.

-Умерен замор.

-Умерено висока телесна температура.

Компликации од настинката како болка во увото или воспаление на увото или синусите се можни но се ретки и се спречуваат со редовна хигиена на носот, односно со редовно плакнење и одржување на носните канали за истите да бидат проодни.

Како да разликувате настинка од грип?

Грипот исто така спаѓа во вирусните заболувања и неговите знаци и симптоми се слични како кај настинката. Кога детето ќе се разболи родителите се често во дилема дали нивното дете има обична настинка или грип, кој може да има потешки последици за нежниот детски организам.

Епидемиите на грип се појавуваат секоја година во периодот од ноември до април, а поради тоа што овој вирус многу брзо мутира, т.е. се менува, имунитетот стекнат после прележаната инфекција не трае долго и детето веќе следната година може повторно да се разболи.

Грипот се пренесува исто како и другите респираторни инфекции, но симптомите се многу поизразени и побрзо се развиваат отколку кај настинката и општата состојба на детето е многу полоша.

Децата кои имаат само настинка обично имаат доволно енергија за играње и без пречки се занимаваат со вообичаените активности, додека децата кои имаат грип се без волја и омалаксани и немаат сила ни да станат од креветот.

Најчести знаци и симптоми на грипот се:

-Изненадна висока температура пропратена со треска.

-Сува кашлица и болка во грлото.

-Главоболка.

-Голем замор и губење на апетитот.

-Болки во мускулите.

Чувство на слабост во целото тело.

Бебињата и новороденчињата може да имаат екстремно висока температура без никакви други симптоми. Температурата кај децата често преминува преку 39,5 °С, а некои деца може да добијат и фебрилни конвулзии. Кај помалите деца може да бидат присутни и мачнина и болки во стомакот, повраќање и пролив.

Во некои случаи покрај болката во мускулите, детето може да се жали и на силна болка во нозете и грбот.

Компликациите кај грипот се многу почести и потешки и тој кај децата може да доведе до појава на ларингитис-инфекција која го напаѓа грлото и гласните жици и предизвикува напади на кашлица во вид на отежнато дишење, воспаление на бронхите и белите дробови.

Кога треба да се јавите на лекар?

Детето кое нема многу висока температура, кое е со општа добра состојба, само понекогаш се закашлува, му тече или му е затнат носот, кое не повраќа, нема потреба да го носите на лекар. Некогаш е доволно само да се консултирате со стручни лица.

Меѓутоа, ако детето има симптоми на респираторна инфекција, потребно е веднаш да го однесете на лекар, вклучително и ако:

-Има помалку од 3 месеци.

-Има потешкотии со дишењето (дише забрзано или тешко), градите му свират.

-Одбива доење или повраќа.

-Неговото кашлање личи на лаење на куче.

-Усните почнуваат да му посинуваат.

-Кашла како да се дави или повраќа.

-Многу е поспано, не сака да јаде или да си игра.

-Раздразливо е и неутешно.

-Внесува многу малку течностии и не мочкало повеќе од 6 часа во будна состојба.

-Повраќа подолго од 3-4 часа или има поголем број на течни столици.

Веднаш јавете се на лекар и ако:

-Детето се разбуди наутро со едно или со двете очи залепени со жолт секрет.

-Подолго време има обоен (жолт или зелен) секрет од носот.

-Состојбата на детето не се поправа ни после 5 дена, или ако состојбата почнала да се поправа, а детето почнува да добива висока температура.

-Детето има некое хронично заболување, а покажува знаци на настинка или грип.

Оставете коментар
Close