Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Научниците го доведоа во врска начинот на породувањето со интелегенцијaта: Кои бебиња се попаметни

Научниците го доведоа во врска начинот на породувањето со интелегенцијaта:  Кои бебиња се попаметни

Научниците од Јејл покажаа дека постои разлика помеѓу бебињата родени по природен пат и оние по пат на закажан царски рез.

Бебињата кои се родени по природен пат имаат поголем коефициент на интелегенција во однос на оние кои се родени со царски рез во одреден термин, тврдат научниците од Јејл.

Причина е протеинот UCP 2, кој влијае на интелегенцијата, а неговото ниво е поголемо во мозокот на децата кои се родени по природен пат или децата кои се родени со царски рез ако породувањето започнало по природен тек. Од овој протеин зависи ккраткорочното и долгорочното памтење на детето, подоцна човекот, што е клучно за степенот на интелегенција.

Овие резултати се доста важни, затоа што во последната деценија дојде до експанзија на породување со царски рез, но не од здравствени причини и кај бебиња кои низ трудови сигнализирале дека се спремни да излезат, туку многу мајки оваа операција ја сфатија како можност да го одредат датумот и времето на раѓање на своите деца.

Гинеколозите главно тврдат дека кога трудницата ќе влезе во деветтиот месец и бебето е формирано, сеедно е кога ќе се породат и закажуваат царски рез по свое убедување или волјата на идната мајка. Сепак, научниците сега докажаа дека тоа негативно се одразува на интелегенцијата и дека ако нема здравствени причини, секогаш треба да се почекаат природните трудови.

Оставете коментар