Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Научниците ни откриваат какви родители одгледуваат деца кои по цел ден ќе гледаат во мобилен телефон, не обрнувајќи внимание на светот околку себе

Научниците ни откриваат какви родители одгледуваат деца кои по цел ден ќе гледаат во мобилен телефон, не обрнувајќи внимание на светот околку себе

Често слушаме како младите генерации се “залепени“ за екран, но сега една студија покажа поразителни податоци – не е до децата, туку до родителите, тие само ги имитираат.

Истражувањето спроведено во Кина покажа дека децата на родителите кои цел ден го поминуваат на мобилен телефон, стануваат такви личности, но имаат и други проблеми.

Студијата за “fabing”, игнорирање поради мобилниот телефон, опфати 1007 деца на возраст од 11 до 16 години.

Родителите кои го игнорирале детето во моментот кога му е потребно внимание, затоа што биле преокупирани со содржината на нивниот мобилен телефон, влијаеле на развојот на личноста на децата кои потоа би станале исти такви, пренесува Daily Mail.

Децата на таквите родители имаат далеку поголеми шанси и самите да станат такви личности кои ги игнорираат другите поради мобилниот телефон, но имаат и поголем ризик од други проблеми.

Објаснувањето е многу едноставно – затоа што децата го имитираат однесувањето на своите родители, го усвојуваат и го повторуваат, пренесува весникот.

Таквите деца се под поголем ризик од болестите на зависност, како што се алкохолизам или наркоманија во адолесцентниот период.

Децата одговарале на прашалник кој содржел прашања како што се “дали и мама и тато гледаат во телефон кога нешто им зборуваш” или “дали се чувствуваш изгубено ако немаш телефон кај себе”.

 

 

 

 

 

 

Оставете коментар