Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Научниците објаснија зошто бебињата ни се неодоливи и слатки

Научниците објаснија зошто бебињата ни се неодоливи и слатки

Подеднакво се погодени и мажите и жените, оние со деца и без деца. Дефиницијата на сладост не е само за надворешниот изглед, туку ги вклучува и звуците што бебињата ги произведуваат и како тие мирисаат.

Кружни образи, прчесто носе, големи очи, заразна смеа ... Тие имаат толку мека кожа и мирисаат посебно. Возрасните не можат да се воздржат од осмех кога ќе видат бебе. Но, ова не е случајност, според научниците од Универзитетот Оксфорд во Велика Британија.

"Кога бебињата зависат од нашето постојано внимание и грижа, сите нивни карактеристики придонесуваат да се толку слатки, што во нас буди желба да се грижиме за нив." Сладкост "е една од главните и најмоќните предизвикувачи кои го формираат нашето однесување", напишал во својата студија Мортен Крингелбах.

 

Не се само надворешно слатки, туку и звучат така

Бебињата така еволуирале да "удираат" на сите наши сетила и да нè поттикнуваат да ги пазиме и мазиме. Една студија објавена во списанието тврди дека шармот на бебето подеднакво влијае на мажите и жените, без оглед на тоа дали тие имаат деца. Податоците исто така покажуваат како дефиницијата на слаткоста не ја вклучува само надворешноста, туку ги вклучува и звуците што ги создаваат бебињата, како и мирисите. Од еволутивна гледна точка, научниците велат дека нивната привчечност им е силен одбранбен механизам, бидејќи тие се потполно зависни од другите.

 

"Тоа е една многу интересна теза. Возрасните во мало бебе ја гледаат проекцијата за себе и за своите идеали. Оваа проекција не оди само на визуелни елементи гледајки ја својата коса во бојата на косата или очите на детето, туку проектира и психолошки елементи, како што е карактерот. Возрасните, гледајки го бебето велат: "Мора да бидам внимателен со бебето така што кога ќе порасне да биде добар човек како мене", објаснува словенечкиот антрополог професор. Јанез Богатај.

 

Дискриминација по изглед

Тоа со убавината е појака дури и од расната или верска дискриминација, бидејќи убавите луѓе подобро поминуваат уште во родилиштето, каде што добиваат поголемо внимание. Тоа продолжува во градинка, училиште, општеството ...

Околу 4тата годинасе губи бебешкиот изглед, но дури и потоа, поубавите луѓе продолжуваат да профитираат. Д-р психол Петар Турчиновиќ ги следел 30 години убави и помалку убави деца и заклучи дека најдобро проаѓаат оние кои  на скала од 1 до 5 се убави 4ка. Тоа е затоашто во главата на луѓето постои стереотип на "убавото е подобро". Оние кои се убави за 5 може да страдаат од несигурност и недоверба.

Во истражувањето што ги барал од децата е да изберат виновник помеѓу две фотографии (кој, на пример, го скршил прозорецот), сите, без размислување,покажале на помалку убаво дете.

Оставете коментар