Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Научниците потврдија: Детската опсесија за багери е покомплексна отколку што мислевме

Научниците потврдија: Детската опсесија за багери е покомплексна отколку што мислевме

Малечките кои си играат со багери имаат чувство како да контролираат нешто големо и моќно.

Секоја фаза на растењето носи поинакви интереси. Додека некои ги интересираат кукли, други се импресионирани од диносауруси, а трети од багери.

Со години се смета дека преокупацијата со автомобили и багери е сосема нормална за момчиња, но понекогаш тие ги интересираат и девојчињата. Ако не ви е јасно зошто вашето дете го интересираат жолтите багери и без зборови го гледа Мајстор Боб, науката има одговор кој е многу покомплексен од очекуваното.

Имено, за децата тие строеви претставуваат нешто силно.

“На малечките, децата од предшколска возраст, багерите им се чинат поголеми од животот. Тоа за нив се строеви со кои раководат суперхерои, а кога си играат со нив имаат чувство дека контролираат нешто големо и моќно”, појаснува едукаторката Кристин Паскал.

Страната Parenting Science појаснува дека фасцинираноста со градбите и инженерството кај децата може да биде многу корисна, затоа што нуди исклучителни можности за учење.

“Багерите се занимаваат со рамнотежа и откривање, па така децата имаат можност да откријат мистерии кои се кријат под површината и го движат нивниот мозок”, сметаат научниците од Универзитетот Мичиген Стејт.

Од тие причини на багерите и другите строеви со кои вашето дете е опседнато, морате да гледате како на нешто што е многу повеќе од едноставна фасцинираност. Тие се инструмент за учење и двигател на имагинацијата.

 

Оставете коментар