Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Науката покажа: Загадениот воздух може да го забави развојот на белите дробови кај децата

Науката покажа: Загадениот воздух може да го забави развојот на белите дробови кај децата

Истражувањето направено во Велика Британија и Полска покажа дека загадениот воздух дополнително го зголемува ризикот од многу болести на срцето и белите дробови.

Развојот на белите дробови кај децата кои се изложени на загаден воздух од тешкиот сообраќај може да биде забавен и до 14%, покажува истражувањето.

Животот во радиус од 50 метри од прометните сообраќајници, исто така, може да го зголеми ризикот од заболување од рак на белите дробови до 10%, се наведува во студијата.

Истражувањето е направено во 13 градови во Велика Британија и Полска, а научниците утврдија дека загадениот воздух го зголемува ризикот од срцеви заболувања, мозочен удар, проблеми со белите дробови и бронхитис.

Активистите ја повикаа британската влада да се обврзе дека ќе работи на елиминирање на опасното загадување на воздухот.

Истражувачите од Кралскиот колеџ во Лондон споредија 13 здравствени проблеми на луѓето кои живеат во области со високо загадување со општата популација.

Покрај податоците за болничките терапии и смртноста, користеа и податоци за регистрирани пациенти со симптоми како инфекции на градите.

Студијата покажува дека развојот на белите дробови кај децата во Оксфорд бил забавен за околу 14%, во Лондон за 13%, во Бирмингем за 8%, во Ливерпул за 5%, во Нотингем за 3% и во Саутемптон за 3%.

Истражувачите наведоа и дека во овие градови би бил намален бројот на децата заболени од бронхитис за неколку илјади, ако загадувањето на воздухот би се намалил за една петтина.

Криза на јавното здравје

“Загадувањето на воздухот не прави нас, а особено нашите деца, болни од колевка до гроб, но често е невидливо”, вели др.Роб Хјуз, постар соработник од Фондот за чист воздух.

“Ова импресивно истражување ја прави кризата на јавното здравје која ги погодува луѓето во Велика Британија видлива и покажува дека сите политички партии итно мораат чистењето на нашиот воздух да го постават како приоритет”.

“Се чини дека секој ден се соочуваме со се повеќе и повеќе докази за ужасните ефекти кои загадувањето на воздухот ги има на здравјето на нашите бели дробови”, вели Хјуз.

“Најтешко ги погодува најранливите друштвени групи”,додава докторот.

“Знаеме дека загадувањето на воздухот го забавува развојот на белите дробови на нашите деца, а и ги влошува симптомите на луѓето кои болуваат од болести на белите дробови”.

Групата која стои зад студиите – коалиција од 15 невладини организации кои се занимаваат со здравјето и животната средина, како Британската фондација за болести на белите дробови, повикува за правење на мрежа на зона од чист воздух ширум Велика Британија.

Токсичното загадување на воздухот во централен Лондон речиси е опаднато за една третина од воведувањето на новиот систем за наплата на возила.

Нивото на азот – диоксид на ултра ниска емисија е опаднат за 30% во првите шест месеци, се наведува во соопштението на Градското собрание.

Оставете коментар