Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Науката потврди: Галењето на бебето влијае на развојот на неговиот мозок

Науката потврди: Галењето на бебето влијае на развојот на неговиот мозок

Спрема истражувањата гушкањата се неопходни да предизвикаат одредени реакции во мозокот на бебето.

Галењето на бебето помага во развојот на неговиот мозок, нарочито кај оние предвреме родени, покажа истражувањето објавено во магазинот Current Biology, а спроведено на 125 бебиња во Nationwide Children’s болницата во Колумбус.

Научниците дојдоа до заклучок дека гушкањата предизвикуваат посебна реакција во мозокот на бебето неопходна за воспоставување на социјални и емоционални односи, како и за правовремен развој на нервниот систем.

Со оглед на тоа дека визуелниот систем на новороденчињата сеуште не развиен, нивниот развој во голема мера зависи од допирот и звукот. За да видат како бебињата реагираат на допир, истражувачите го набљудуваа нивниот мозок.

Колку бебето имало повеќе допири од своите родители и блиските луѓе, толку повеќе реакциите во нивниот мозок биле поизразени.

“Нежен допир, нарочито оној ‘кожа на кожа’, е само една од важните работи која родителите можат да ја направат за своето бебе”, истакнува др.Натали Мајтри, една од истражувачите.

Оставете коментар