Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Науката тврди: Среќните мајки одгледуваат среќни бебиња

Науката тврди: Среќните мајки одгледуваат среќни бебиња

Новото истражување потврди дека бебињата учат поефикасно кога мајките се среќни.

Мозокот на мајките и нивните бебиња полесно се “синхронизира” кога мајката е среќна, покажа истражувањето на Универзитетот Кембриџ, пренесува британски Telegraph.

Научниците открија дека мозокот на мајките и бебињата делува во “мега мрежа” во која мозочните бранови се во иста линија, овозможувајќи поголема поврзаност и емпатија. Меѓутоа тоа ниво на поврзаност варира во зависност од емоционалната состојба на мајката.

Кога мајките ќе изразат повеќе позитивни емоции, нивниот мозок станува многу посилно поврзан со мозокот на нивното бебе.

Истражувачите сметаа дека таквата цврста врска може да помогне за бебето побрзо да учи и мозокот целосно да се развива. Ако мајките се среќни, веројатно тоа ќе го подобри и развојот на детето.

Др. Вики Леонг, професорка по психологија на Универзитетот во Кембриџ, појаснува дека нашите емоции можат да го променат начинот на кој нашиот мозок ги дели информациите со другите луѓе. Позитивните емоции ни помагаат во поефикасна комуникација.

Депресијата може да има многу негативен ефект на родителската способност за воспоставување на поврзаност со бебето. Сите социјални знаци кои обично ја поттикнуваат врската со детето малку се читливи и така детето не добива емоционален допринос кој му е потребен за да напредува.

Истражувањето кое е објавено во магазинот Neuroimage, користеше метода на двојна електроенцефалографија (ЕЕG) како би пратело сигнали на мозокот на седум парови на мајки и бебиња додека комуницираат едни со други.

Студијата покажа дека позитивната интеракција, пратена со контакт со очите, ја зголемува способноста за мозокот на мајката и бебето да функционираат како еден систем со ефикасна размена и проток на информации помеѓу нив.

Од своите минати студии др. Леонг дозна дека бебињата (кога нервната врска помеѓу мајките и бебињата е силна) се поспремни и помотивирани да учат од своите мајки. Во оваа животна фаза мозокот на детето има способност значајно да се менува и овие промени се водени од искуствата на бебињата.

Докторката смета дека со користење на позитивен емоционален тон во текот на социјалните интеракции, родителите можат подобро да се поврзат со своите бебиња и да го поттикнат развојот на нивните ментални способности.

Резултатите исто така укажуваат на тоа дека бебињата чии мајки се депресивни, покажуваат помалку докази за учење поради слабата врска помеѓу мајката и новороденчето.

Мајките кои имаат трајно ниска или негативна ментална состојба поради клиничката депресија имаат тенденција за воспоставување на помала интеракција со своето бебе.

Леонг забележа дека овие мајки во значително помала мера пробуваат да воспостават контакт со очи со своите бебиња. Емоционалната комуникација помеѓу родителите и нивните деца е клучна во најраната возраст, но многу малку се знае за нејзината нервна подлога.

Како друштвен вид, луѓето делат емоционални состојби со другите луѓе. Оваа студија покажува дека емоциите ги менуваат врските помеѓу две личности на нервна основа.

Научниците исто така тврдат дека нивните откритија се однесуваат и на многу други видови на врски, како брачните, врските помеѓу брат и сестра, баба и внуче и другите во која една личност е врзана за друга.

Јачината на ефектот веројатно зависи од тоа колку добро субјектите се познаваат и од нивото на взаемната доверба.

 

Оставете коментар