Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Нега на градите пред и после доењето

Нега на градите пред и после доењето

По мислење на стручните лица, многу е важно да се измијат рацете пред почетокот на доењето. Пред доење треба да се измијат градите со млака вода и со стерилна газа или со практично влажно марамче, специјално наменето за бришење на градите во периодот на доењето. Проверете дали марамчињата се направени од природен материјал и здрави состојки и уверете се дека нема потреба од дополнително бришење после тоа. Проверете дали содржат активни супстанци кои ја сушат кожата, или парфем, кој може да го измени природниот мирис на мајката и да го вознемири бебето.

После доењето, измијте ги градите со млака вода без сапун и оставете ако е можно да се исушат по природен пат, на воздух. Препорачливо е да користите влошки за гради направени од материјал кој дише и кој и овозможува на кожата секогаш да биде сува. Се препорачува понекогаш да ги испрскате брадавиците и ареолите со капки од своето млеко. Мајчиното млеко има состојки кои ја стерилизираат, хранат, ја влажнат и ја лечат кожата. Пред да го ставите бебето на градата, проверете дали носот му е слободен, за да може бебето слободно да дише. Ако има потреба, може да користите и физиолошки раствор.

Оставете коментар