Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Необичен трик за брзо отстранување на песок од стапалата на малечките

Необичен трик за брзо отстранување на песок од стапалата на малечките

Со оглед на тоа дека летната сезона е во тек, оваа идеја сигурно ќе ви биде од помош кога ќе бидете со малечките на плажа.

На секого му е познато колку песокот може да биде нелагоден за кожата. Кога ќе почнете да се спремате за одење дома после денот поминат на плажа, тешко е да се решите од секое зрно песок, а тој може да предизвика иритација на кожата која на многумина им е прав ноќен кошмар.

За среќа, една мајка ни открива трик со кој се служи за да го исчисти песокот од стапалата на децата и доволно е едноставен и ефтин за со него да можат да се послужат и другите родители.

На родителскиот форум Mumsnet открива дека стапалата на децата ги посипува со пудра.

“Ја пробав денеска оваа метода. Луѓето ме гледаа чудно, но делуваше. Песокот едноставно се лизна од кожата на децата”, напиша таа.

Поради тоа пудрата сега задолжително ќе се наоѓа во нејзината торба.

“Пудрата ја отстранува влагата од кожата и поради тоа песокот веднаш престанува да се лепи и едноставно се отстранува”, ни појаснува.

Како што вели, пудрата е делотворна за отстранување и на песокот од косата, а слично функционира и пченкарниот скроб.

Оставете коментар