Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Непријатност во бременоста (болки во грбот)

Непријатност во бременоста (болки во грбот)

Како бебето расте така болките во грбот се интензивираат. Во тоа не сте сами, затоа што голем број на трудници сведочат како искусиле благи или дури и многу силни болки во грбот, најчесто во втората половина од бременоста.

Причините за болките во грбот се многубројни

Зголемување на телесната маса

Новите килограми во бременоста се неизбежни, а нивниот распон кај трудниците варира од 6 па дури до 25 килограми. Додатната телесна маса го оптеретува грбот, а болката е посебно лоцирана во долниот дел од истиот. Освен тоа, тежината на бебето и матката вршат притисок на крвните садови и нерви кои ја опкружуваат карлицата и грбот.

Накривување во грбот

Со оглед на променетиот изглед и величината на стомакот, одржувањето на вистинска положба на грбот е голем предизвик во бременоста. Последица на тоа е честото накривување кое предизвикува болки во истиот.

Стрес

Кога трудницата е изложена на ситуации во кои е емоционално напната и нејзиното тело ја прати таа состојба па мускулите на грбот се грчат. Ако обратите внимание ќе забележите дека грбот повеќе ве боли кога сте под стрес.

Хормони

Во текот на бременоста се лачи хормон релаксин кој им овозможува на лигаментите во карлицата да се опуштат, но и зглобовите да “попуштат” како телото би се припремило за породување што подобро. Истовремено овој хормон влијае лигаментите кои служат како потпора исто така малку да се опуштат што резултира со болки во грбот.

Промена на мускулите

Одвојувањето на мускулите или дијастазата, може во голема мера да допринесе за болки во грбот во бременоста. Како вашата матка се шири со бебето кое расте, вашите мускули можат да почнат да го менуваат обликот. Двата паралелни листови мускули познати како ректум абдомина, најверојатно ќе се одвојат. Одвојувањето на овие мускули може да ги зголеми болките во грбот.

Што да правите ако ве боли грбот?

Вежбајте редовно

Редовното вежбање во бременоста е значајно доколку сакате да го намалите оптеретувањето на грбот. За трудниците безбедно е пливањето, одењето, возењето на точак, возењето на собен точак или вежбањето јога. Доколу почуствувате дека ништо од наведеното не ви помага, можете од лекар специјалист да побарате вежби кои ќе го олеснат конкретниот проблем кој го имате со грбот.

Избегнувајте подигање на тешки предмети

Ако веќе морате да подигнете нешто тешко, направете го тоа така што ќе клекнете и без да го свиткате грбот да го подигнете она што го сакате.

Посветете внимание на ставот на телото

Без оглед на тоа дали стоите, седите или лежите, за да ги намалите болките во грбот, потребно е да завземете правилна положба. Спијте на страна – најдобро на левата и ставете перница помеѓу нозете. Ако седите на столче, ставете перница на долниот дел од грбот како потпора, исправете го грбот а нозете наслонете ги на друга столица така што ќе стојат рамно.

Носете удобни чевли

Во бременоста би било пожелно да носите што поудобни чевли, па затоа избегнувајте високи штикли кои на вашиот грб му прават дополнителни проблеми.

Посетете киропрактичар

Ако правилно се применува, посетата на киропрактичар во текот на бременоста може да биде корисна, но пред тоа е многу важно да се консултирате со вашиот лекар.

Во кои случаи треба да отидете на лекар?

Ако почуствувате силна болка.

Ако почуствувате болка чиј интензитет се засилува.

Ако болката настане оддеднаш.

Ако имате проблеми со мокрењето.

Ако чуствувате бодежи во нозете и рацете.

 

 

 

 

 

 

Оставете коментар