Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

НЕСИГУРНОСТА ВО РАНАТА БРЕМЕНОСТ

НЕСИГУРНОСТА ВО РАНАТА БРЕМЕНОСТ

Од кога открив дека сум бремена постојано сум нерасположена и загрижена. Зошто?

Пред да дознаам дека сум бремена, во една прилика испив премногу алкохол. Дали тоа може да му наштети на бебето?

Пред бременоста имав лош наод на ПАП брисот. Дали е тоа проблем во бременоста?

Пред неколку години имав конизација поради патолошки наод на ПАП брисот на грлото. Дали тоа може да влијае на бременоста?

Да ли мојата втора бременост ќе личи на првата?

Останав бремена додека земав контрацептивни таблети. Дали тоа може да влијае на бебето?

Останав бремена а имам спирала. Дали тоа може да го повреди бебето и дали треба да се извади?

Останав бремена откако земав таблета за после однос. Дали и тоа може да влијае на бременоста?

Од кога открив дека сум бремена постојано сум нерасположена и загрижена. Зошто?

Дајте си време да се навикнете на идеата дека сте бремени, дека почнува нов дел од животот кога веќе ништо нема да биде исто. Тоа не е едноставно и нормално е да се чувствувате збунето и загрижено. Ова е период кога може да сте загрижени за многу работи-дали бебето ќе биде здраво, како ќе се организирате, колку животот ќе ви се промени, дали бракот ќе ви функционира. Немојте да се грижите, нормално е така да се чуствувате, ви треба само време да се навикнете на новонастанатата ситуација.

Пред да дознаам дека сум бремена, во една прилика испив премногу алкохол. Дали тоа може да му наштети на бебето?

Во бременоста треба да го избегнувате алкохолот, но не би требало да биде проблем ако еднаш во раната бременост малку сте претерале.

Пред бременоста имав лош наод на ПАП брисот. Да ли е тоа проблем во бременоста?

Зависи од тоа што значи “лош наод на ПАП брис”. Во секој случај, сите лоши наоди треба да се решат пред бременоста, и малку е веројатно дека било што може да се направи и промени во текот на бременоста. Може да се промени ако наодот не покажува висок ризик на малигност, кога би можело да се интервенира. Морате да разговарате со вашиот лекар што побрзо, и да видите дали е потребно одма да се реагира или проблемот може да почека до крајот на бременоста.

Пред неколку години имав конизација поради патолошки наод на ПАП брисот на грлото. Дали тоа може да влијае на бременоста?

Не би требало, конизацијата треба да му ја спомнете на својот лекар, за грлото на матката да може да се контролира во текот на бременоста.

Дали мојата втора бременост ќе личи на првата?

Во принцип, сите бремености се еднакви, но некои од жените сметаат дека втората и третата бременост им се многу полесни од првата, а можно е да е тоа резултат на фактот дека знаат што можат да очекуваат.

Останав бремена додека земав контрацептивни таблети. Дали тоа може да влијае на бебето?

Количеството на хормони кои се наоѓаат во современите котрацепциски таблети е многу мало и малку е веројатно дека на било кој начин ќе влијае на вашето бебе, но секако спомнете му на лекарот дека сте земале терапија кога сте останале бремени.

Останав бремена а имам спирала. Дали тоа може да го повреди бебето и дали треба да се извади?

Пред се треба да отидете на лекар да се утврди дали бременоста е во матката или не-ако не е во матката, односно се работи за бременост надвор од матката, мора да отидете во болница. Ако бременоста е во матката, спиралата може да се извади, но постои ризик да се изгуби бебето. Што повеќе бременоста напредува, се помали се шансите спиралата да се извади, така што во повеќето случаи се остава таму каде што е, и мали се шансите дека бебето ќе има проблеми.

Останав бремена откако земав таблета за после однос. Да ли тоа може да влијае на бременоста?

Овој вид на контрацепција е сигурен, но сепак може да се случи да  останете бремени. Не би требало да има проблеми, ако се работи за рана бременост, но сепак треба да се информира лекарот за тоа и да се консултирате за продолжување на бременоста.

Оставете коментар