Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Нова бременост после породувањето

Нова бременост после породувањето

Дали можете да затрудните пред повторно да добиете менструација?

Многу жени мислат дека не можат да затруднат набрзо после породувањето се додека не добијат менструација. Доењето често се спомнува и како природна контрацепција, па жените сметаат дека не можат да останат трудни додека дојат.

Овулација после породувањето

Околу две недели пред да ја добиете првата менструација, вие ќе ја имате првата овулација после породувањето. Токму тогаш е можно да затрудните и изостанувањето на менструацијата да значи дека повторно сте трудни.

Проблемот е што жените ако немаат други симптоми (мачнина, вртоглавица, благо крварење) тоа не можат да го знаат понекогаш и додека бременоста прилично не одмине.

Вистина е дека плодноста не се враќа веднаш после бременоста, посебно ако доите. Но не постои можност да се предвиди колку ќе трае овој период. Значи, ако не почнете да користите контрацепција, а имате односи, многу лесно може да се случи да останете трудни, а тоа и да не го знаете.

Невозможно е да се предвиди колку време ќе помине додека не ја добиете првата менструација после породувањето.

Менструацијата после породувањето и бебешката исхрана

Доколку доите бебе, нема правила кога ќе ја добиете првата менструација. Може да биде после шест недели, но и само што ќе завршите со доење, може да пројдат и две години после породувањето.

Ако бебето го храните со адаптирано млеко или комбинирате доење и адаптирано млеко, воглавно првата менструација се јавува помеѓу шест и десет недели после породувањето.

Доење и контрацепција

Многу е важно на првиот преглед после породувањето да разговарате со лекарот за контрацепција. Бидете спремни кога повторно ќе се впуштите во сексуални односи со партнерот. Ако доите, веројатно ќе морате да изберете цервикална капа или кондом. Хормонската спирала и контрацептивните пилули не се препорачуваат во тек на доењето.

 

 

 

Оставете коментар