Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Новата породилна пракса која е се позастапена во светот: Што е нежен царски рез

Новата породилна пракса која е се позастапена во светот: Што е нежен царски рез

Овој тип на операција, за разлика од традиционалниот, нуди емотивно искуство и близок контакт со мајката.

Кога ќе ја замислиме прекрасната слика од пораѓањето, каде што присуствува таткото, мајката го гушка бебето, низ солзи радосници на лицето, никогаш не помислуваме на операциона сала.

Иако многу студии ги покажуваат бенефитите од природниот пороѓај, токму поради контактот “кожа на кожа”, како и раниот почеток на доење, можеме да кажеме дека во светот постои начин на кој можете и во операциона сала да ги доживеете сите убавини на породувањето и блиската средба со бебето.

Имено, постои поинаква врста на царски рез кој се нарекува “природен” или “нежен” царски рез.

Што е нежен царски рез?

“Да бидеме потполно јасни, нежниот царски рез и понатаму е операција”, истакнува докторот Дејвид Гарфинкел. “Како лекар, во тек на операцијата не сум ништо понежен.” Клучно е е да се знае дека процедурата за операцијата е идентична. Мајката е секако под анестезија во долниот дел од телото.

Понатаму објаснува дека нежниот царски рез претставува промена на ставот за овој зафат, каде што цел тим за нега (акушерот, анестезиологот и сестрите) имаат цел оваа операција да ја направат што послична со природниот пораѓај.

Дали да одберете нежен царски рез?

“Нудејќи го ова емотивно искуство, ние не пробуваме да го зголемиме бројот на пораѓаи со царски рез, туку да им осигураме добро чувство на жените, а не да го сметаат царскиот рез како свој неуспех, вели докторот Гарфинкел. Објаснува дека ова им дозволува на жените да бидат практично исто толку вклучени во раѓањето на детето како кога се прави вагинално. “Верувам дека на сите жени треба да им се пружи шанса да бидат дел од својот пораѓај доколку сакаат”, вели докторот.

Нежниот царски рез исто така има бенефити и за бебето, затоа што близок допир може да се оствари веднаш, што го поттикнува мајчиното млеко, стабилноста на кардиоваскуларниот систем и респираторниот систем. Сега и бебињата родени со царски рез имаат можност да ги почуствуваат бенефитите од блискиот контакт со мајката.

Во тек на традиционалниот царски рез мајката е оставена да чека долго додека не го прими во прегратка своето бебе, а со бебето поминува речиси само половина час.

Фокусот се наоѓа на мајката и на блискиот контакт со бебето што е можно порано. Бебето и се дава на мајката на гради после 5 минути, па може и да почне со доење одма доколку сака.

Како да направите план за царскиот рез

Поентата е да дозволите поголема вклученост на семејството, како и повеќе заеднички моменти. Нежниот царски рез на родителите им нуди можност да вклучат повеќе природни аспекти од раѓањето на детето кои им се важни, како на пример свесноста во тек на пораѓајот, земањето на бебето во прегратка веднаш после породувањето, доење, одржување на контакт на мајката и бебето што е можно повеќе.

Традиционалниот царски рез се одвива брзо и бебето му се предава во раце на педијатарот, додека пак нежниот царски рез опфаќа пораѓај, а после тоа се прави мал притисок за да се исфрли течноста од плуќата и потоа бебето и се дава на мајката на гради, па се почнува со доење.

Важно е да се истакне дека не се брза да се исече папочната врвца. Процедурата се продолжува, а бебето останува со мајката во тек на целиот процес.

Другите работи вклучуваат на мајката да не и се врзуваат рацете, ЕКГ мониторот да биде од страна или одзади, музика се слуша во целата просторија, а може и да се користи провидна завеса, како мајката би можела да го види породувањето.

Како родителите можат да побараат нежен царски рез?

Родителите во странство имаат можност да разговараат за нежниот царски рез, без оглед дали операцијата е планирана или не. Се препорачува и разговор со анестезиолог, затоа што и тој е клучна личност, кој има повеќе контрола од акушерите.

Докторите сметаат дека нежниот царски рез е иднината, а се повеќе родители, но и земји се заинтересирани за овој зафат.

Оставете коментар