Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Новогодишни празници: Како да ги сочувате спомените ако бебето е многу мало?

Новогодишни празници: Како да ги сочувате спомените ако бебето е многу мало?

Во периодот од Нова година до Божиќ возрасните се собираат, слават и се забавуваат. За бебињата, ова време е и како секое друго. Сепак потрудете се и најмладите членови од семејството да почувствуваат барем дел од семејната топлина и празничната магија.

Времето на новогодишните и божиќните празници претставува посебен дел од годината, кога многу се слави, јаде, пие и дружи. Доколку имате бебе кое е помладо од 10 месеци, прифатете го фактот дека оваа година нема да учествувате во семејните собиранки, туку дека ќе се посветите на детето, трудејќи се што помалку да му го нарушите дневниот ритам.

Меѓутоа, ако вашето дете е повозрасно од 10 месеци, пробајте да го воведете во царството на Дедо Мраз, џуџињата, ирвасите, така што во текот на празниците ќе си играте со него повеќе од вообичаеното.

На тој начин, вашето дете ќе сфати од мали нозе дека во годината постои едно посебно време кое е наменето за радост и веселби.

Оваа година ќе мора да ја накитите елката, да му купите подарок на бебето и да го украсите целиот дом. Велат дека бебињата не памтат што се случува, но сепак потрудете се после се барем да останат фотографии кои еден ден ќе ве потсетат како празниците изгледале одамна, кога вашето дете било сосема мало.

Побарајте помош

Доколку ви затреба помош, или помислувате дека нешто сте заборавиле, обратете им се на бабите и дедовците. Тие знаат како тоа изгледало кога вие сте биле мали и ќе бидат воодушевени што ќе можат да ви помогнат.

А доколку само малку го вратите филмот, ќе забележите дека ништо значајно не се променило. Сетете се на Новите години од вашето детство. Секогаш тука биле елката, Дедо Мраз и многуте подароци. 

Оставете коментар