Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Одржување хигиена на половите органи кај бебињата

Одржување хигиена на половите органи кај бебињата

Хигиената е исклучително важна за малите бебиња, а најмногу хигиената на половите органи и аналниот предел. Кога бебето ќе се искака најдобро е секогаш кога можете да го измиете со вода и сапун. Освен што така ќе бидете потполно сигурни дека бебето е чисто и тоа ќе се чувствува попријатно, отколку само да го избришете со влажни марамчиња.

Многу е едноставно да го измиете бебето од струкот надоле, па нема причина да не се потрудите на вашето бебе да му биде пријатно.

Раскомотете го бебето (соблечете го под појасот) и однесете го во тоалет. Под млаз млака вода исперете го остатокот од столицата, а потоа исперете го со вашата насапунета рака. Температурата на водата секогаш треба да ја прилагодите пред да го наводените бебето и тоа така што прво ќе пуштите ладна вода, а потоа ќе додадете и топла. Кога ја затворате чешмата секогаш прво тргнете го бебето, а потоа прво затворете ја топлата, а потоа и ладната вода. Добро исперете ја сапуницата и повторно замотајте го бебето во чиста памучна пелена, или потенка фротирка. Ако го усвоите овој начин на нега ќе го намалите ризикот од дерматитис. Бебето на овој начин можете слободно да го измиете и ако долго спиело, па малку подолго било во влажна пелена.

Влажните марамчиња можете да ги користите кога не сте во можност детето да го измиете, или да го отстраните остатокот од столицата, или наслагите од кремата пред миењето. Претераната употреба на влажни марамчиња може да му наштети на детето затоа што колку и да се лесни, тие содржат хемикалии кои се задржуваат на кожата.

Негата е различна кај момчињата и девојчињата

Кај девојчињата е важно да водите грижа сите движења при бришењето да бидат насочени од половите и мокрачни органи кон аналната регија. На тој начин ќе спречите разнесување на бактерии, кои се наоѓаат во столицата, а предизвикуваат инфекција на другите регии.

На сите ни е позната бактеријата Escherichia coli, за која сигурно сте слушнале дека е доста “упорна” и дека долго се лечи.

Кај момчињата ќе обрнете внимание на негата на кожичката на пенисот. При капењето едноставно повлечете ја преку главичката, исчистете ги наслагите ако ги има и вратете ја во првобитна положба. Ова немојте да го правите често затоа што може да има и штетни последици. Кога бебето е убаво исчистено и кожата потполно сува намачкајте блага крема во тенок слој и облечете пелена.

Оставете коментар