Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Одвикнување од пелени

Одвикнување од пелени

Откако ќе поминат првите грижи со кои мака мачите запознавајќи ги сигналите кои ви ги испраќа новороденчето за тоа дали е гладно, сито, го мачат ли грчеви, го боли нешто или е само изморено, на ред е оној потежок дел, кога детето се навикнува на нокшир.

Празнењето на стомачето е физиологија и тоа не треба да биде причина за напнатост, ниту одвикнувањето од пелени треба да се претвори во семејна претстава.

Возраста за одвикнување од пелени не е предвидена. Тоа почнува кога детето ќе почне да чувствува кога му се мочка, а тоа е помеѓу првата и втората година од животот. Детето тогаш само почнува да дава сигнали дека знае што се случува во пелените. Само ќе каже дека ја завршило нуждата. Во почеток детето не реагира пред да заврши со нуждата, туку откако се ќе се заврши. Во овој период родителите треба на детето да му го покажат нокширот и да го потсетуваат дека тука треба да мочка.

Детето треба да се охрабри да им каже на родителите кога има потреба од мочкање/какање, некогаш пак ќе ја заврши работата во пелени, но следниот пат ќе биде подобро. Немојте детето да го карате и да викате по него ако не успее да стигне до WC-то или до нокширот, во овој период, охрабрувањето му е многу важно. Процесот на одвикнување од пелени трае подолго време, затоа што детето треба да научи да контролира многу мускулни и нервни рефлекси, се додека сето тоа не стане автоматски процес.

Во текот на периодот кога со детето се одвикнувате од пелени треба да покажете многу разбирање и да го поттикнувате детето. Казнување и исмејување не се дозволени. Ако детето со полни четири години не ја контролира столицата, родителите би требало да поразговараат со лекар.

Оставете коментар
Close