Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Основи на доењето

Основи на доењето

Бебето се раѓа со вградени инстикти и вештини, па практично веднаш може да се почне со доење. Од друга страна мајката има потреба од извесна обука. Научете ги следниве термини.

Колострум: Во текот на првите неколку денови по пристигнувањето на бебето, градите произведуваат густа, жолтеникава течност што е богата со антитела, протеини и други важни материи.

Предмлеко и зрело млеко: Во текот на едно доење, низ градите обично протекуваат два вида млеко. Прво, бебето добива предмлеко-тенка водлеста течност што ги задоволува бебешките потреби за хидрирање.  По него доаѓа второто млеко, што е побогато, погусто и од витална важност за здравјето и растењето на бебето.

Рефлекс за испуштање на млекото: Кога ќе се почне со доење на бебето, рефлексот за испуштање млеко сам ќе се активира кај мајката. Нејзиното тело ослободува хормони што го стимулираат производството и лачењето на млеко. Бидете свесни дека кај некои мајки овој рефлекс никогаш не се јавува - ова е нормално.

Набрекнати гради: Градите на мајката може да се наполнат и пред вообичаеното време за доење, со што ќе дојде до потенцијално непријатно набрекнување. Мајката може да се ослободи од ваквиот притисок со тоа што ќе го надои бебето, ќе стави ладни или топли облоги или ќе употреби пумпа за измолзување.

Експертски совет : Ако користите пумпа за измолзување за да ја намлите набрекнатоста, не вадете повеќе од 30 мл. Колку повеќе млеко вадите, толку повеќе вашето тело ќе произведува.

Оставете коментар