Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Oсновни транспортни средства-кенгур

Oсновни транспортни средства-кенгур

Бебешкиот транспорт бара посебни средства. Овие совети ќе ви помогнат да го изберете она што најмногу одговара на вашиот начин на живот.

"КЕНГУР"

Со кенгурот, бебето може да го носите на вас со помалку напор. При изборот, земете го предвид комфорот на бебето, но и вашиот, ако користите кенгур и не ви е пријатен за носење, нема ни многу да го користите.

Преден кенгур: Ваквиот кенгур се состои од грбни појаси и седиште за бебето, што овозможува тоа да ви се потпре на градите. Бебето треба да биде свртено кон родителот додека вратната мускулатура не зајакне. Соодветен е за бебиња на возраст до околу 6 месеци.

Страничен/бебе-слинг : Ваквите видови - од мек памук, синтетика или ликра - се префрлаат  преку едното  рамо  или околу торзото на корисникот и можат да се користат и за новороденчиња и за постари бебиња. Соодветни се за бебиња на возраст до и над 12 месеци.

Ранец: Овој кенгур - обично од мек памук или синтетика со метална или пластична рамка - овозможува бебето да се носи на грб. Бебето треба да има многу силни вратни и грбни мускули за да го носите во ранец, затоа не се препорачува за возраст помала од 6 до 9 месеци. Одберете модел што се приспособува, со натстрешница и џебови.

 

Оставете коментар