Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Оставете браќата и сестрите да се расправаат: “Се е тоа дел од нивното растење“

Оставете браќата и сестрите да се расправаат: “Се е тоа дел од нивното растење“

Издвојуваме совети од психолог и причини поради кои расправиите меѓу малечките се добра работа.

Сосема е нормално во некоја фаза од животот браќата и сестрите да се расправаат и препираат, тврдат психолозите.

Било да е причината за расправијата една обична бисквита, играчка или нешто посериозно, едноставно морате да прифатите дека тоа е нешто нормално што не може да се избегне.

Сепак според мислењето на психологот и основач на Hej Sigmunda, Карен Јанг, расправиите помеѓу браќата и сестритесе важен дел од детството. 

“Една од најдобрите работи која произлегува од таквите расправии се вештините кои ќе ја зголемат нивната друштвено – емоционална интелегенција. Се е тоа дел од нивното растење. Браќата и сестрите се поприлично со непопустлив карактер, поради што учат како да преговараат и да се носат и со други луѓе“, вели Јанг и додава дека низ расправиите децата можат да научат како да бидат сочуствителни.

“Колку и да е фрустрирачки, мојот совет за родителите е да не се мешаат премногу во расправиите на своите деца, освен во случај кога тие ќе прераснат во тепачка. Колку повеќе се мешате, толку повеќе тие ќе очекуваат од вас да ги решавате конфликтните ситуации место нив“, заклучува Јанг.

 

 

 

Оставете коментар