Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

8 бебешки закони

8 бебешки закони

Драги родители, дали и вашето бебе се однесува согласно овие “закони”?

1.Ќе се искакам кога убаво ќе ме облечеш и кога ќе бидеш спремна да излеземе.

2.Немој случајно да помислиш дека спијам па да се опуштиш. Затоа што твое е да мислиш дека спијам, а мое е да не спијам.

3.Сите ќе можат да ме земат во раце се додека ти не одиш на кафе. Кога ќе отидеш на кафе, ќе плачам, затоа што тогаш само ти можеш да ме држиш во прегратка.

4.Да, ќе повратам на твојот фустан, но на грбот каде што сите можат да видат освен тебе.

5.Немој да имаш други интересирања освен интересирањето за мене, затоа што секако ќе бидат прекинати со високи тонови за кои на многумина нема да им биде јасно како едно мало бебе може да ги произведе.

6.Луѓето ќе превртуваат со очите, затоа што ти ќе зборуваш само за мене, но ти ќе бидеш преуморна за тоа да го сфатиш.

7.Ти си ме родила и ти ќе ме носиш, кога и да ми падне на памет.

8.Нема да сакаш никој друг освен мене и никој нема да те нервира така како јас, но тој дел брзо ќе го заборавиш.

 

 

 

 

Оставете коментар