Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Оваа пролетна билка е вистинска ризница здравје

Оваа пролетна билка е вистинска ризница здравје

Јагликата е недоволно искористена, но многу значајна лековита билка...

Има многу голема историја на употреба, а посебно се користи за лечење на болни грчеви, парализа и ревматски болки.

Билката содржи сапонини, кои имаат експекторантно дејство, како и салицилати кои претставуваат главна состојка на аспиринот и делуваат на смирување на воспалението и против грозница.

Оваа пролетна билка помага во циркулација на крвта и ја смирува вртоглавицата. Го олеснува искашлувањето, го чува срцето од честото кашлање кај бронхитисот, големо кашлање, воспаление на белите дробови, како и во сите случаеви кога срцето е во опасност да ослаби.

Народната медицина ги користи цветовите на јагликата и за лечење на бубрежни и уринарни потешкотии, реума (со долготрајното пиење на чај се намалуваат болките во зглобовите), слаби нерви и претечки манифестации како што се немир, нервоза и сл. како и мигрена и главоболки.

Коренот се користи и кај потешкотии на срцето (биење, слабо срце), стрес, несоница (со цветовите на јаглика можат да се додадат и цветови лаванда и шишарки хмељ), како и за лечење на разни нервни потешкотии.

Во современата медицина коренот на јагликата се користи кај бронхитисот, воспаление на слузокожата на дишните патишта, а исто така и кај кашлицата и настинката.

 

Оставете коментар