Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Паштета од леблебија

Паштета од леблебија

Домашните паштети се вистинско богатство на витамини и многу други корисни работи за телото на детето. Паштетата од леблебија може да се направи брзо и лесно, а оваа житарица претставува одлична замена за месо, богата со растителни влакна кои го стимулираат варењето на храната, но исто така го штити срцето, го зајакнува коските и обезбедува доволно количество на железо во телото.

Потребни:

• 1 чаша сварена леблебија (250 ml) *

• 1 чешле лук

• 3-4 лажици маслиново масло

• 1/2 кафени лажички сецкан магдонос (ако користите свеж, 2-3 гранчиња)

• сол и бибер по вкус

• вода, доколку е потребно (по можност од готвењето на леблебијата)

 

ПОДГОТОВКА:

Ставете ги сите состојки во сецко или блендер и блиндирајте додека не добиете компактна маса. Ако мешавината е премногу густа, додадете малку од водата во која се готвела леблебијата. Можете да ја чувате вашата подготвена паштета неколку дена во затворена тегла во фрижидер!

 

* Готвење на леблебијата: потопете ја суровата леблебија во вода и се остава да отстои преку ноќ (12-15 часа). Колку подолго е потопена, времето за готвење ќе биде пократко. Откако ќе одстои, ставете ја леблебијата во тенџере, додадете вода и се вари 1.5 - 2 часа.

Оставете коментар