Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Педијатрите советуваат: Изнесете го детето надвор и кога е ладно

Педијатрите советуваат: Изнесете го детето надвор и кога е ладно

Немојте да мислите дека ќе го заштитите бебето од настинка ако го држите во затворен и претопол простор.

Колку е надвор поладно, толку во воздухот има помалку причинители на болести. Немојте да мислите дека ќе го заштитите бебето од настинка ако го држите во затворен и претопол простор.

Колку почесто го изнесувате толку ќе биде поздраво.

Педијатрите советуваат: Изнесете го детето надвор кога е ладно и кога има снег.

Како да го облечете детето во зима?

Ако надвор има снег и ако е ладно, добро е детето да има скафандер и водоотпорни кондури или чизми. За малите деца се потребни и шал и капа, а исто така и ракавици. Доколку детето се наводени треба да се преслече што е можно побрзо. Основното правило на облекувањето на бебето во текот на зимските месеци гласи: облечете го детето онака како што сте и самите облечени, а на бебињата им е потребен еден слој облека повеќе.

На детето не треба да му ставате ништо преку лицето, добро е слободно да дише и да ги чисти своите дишни патишта на свеж воздух. Воздухот под шал се кондензира, па ако пределот околу бебешката уста и носот е влажен, полесно се развиваат микроорганизми. Важно е малите деца да не се претоплуваат, затоа што бебињата кога ќе се родат сеуште немаат во целост развиен центар за терморегулација.

За бебињата кои сеуште се возат во количка добра опција е ќебе за покривање, па бебето во текот на прошетката може да се раскомоти. Ако носот на бебето почне да тече додека сте надвор немојте да се грижите, кога ќе влезете на топло би требало да престане. Кожата на лицето и рацете кои се изложени на ладен воздух заштитете ги со крема која е прилагодена за зимски месеци за да не испукаат од ладното и ветрот.

Децата го сакаат снегот и уживаат во игрите на снегот. Многу ги сакаат спортовите како лизгање и скијање кога ќе ги научат истите од мали нозе, затоа што тогаш немаат страв. Веќе од четвртата година можат да лизгаат и да скијаат доколку покажат интерес. Децата немаат страв и се чувствуваат важно штом ќе научат некоја нова активност.

На санкање и играње со снег можат штом ќе научат да стојат/седат. Во почетокот е потребно некој да ги држи кога санкаат, а подоцна ќе можат и сами. Не е страшно ако детето во тек на играта биде погодено во лице со снег, од тоа нема да се прелади, но секако, на децата треба да им се посочи да избегнуваат фрлање на снежни топки во лице или на откриените делови од телото.

Оставете ги своите деца да си играат во зима и на снег. Предноста за здравјето на децата кои престојуваат надвор во зима се долгорочни.

Затворените простори се погодни за развој на вируси и брзо се шират од едно на друго дете.

Оставете коментар
Close