Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

5 ефикасни начини за да го смирите бебето

5 ефикасни начини за да го смирите бебето

Секое бебе е различно и секое бебе реагира различно, но сепак некои од овие начини можат да ви помогнат.

Било да има гасови или грчеви, бебето кое неуморно плаче претставува многу тешка и вознемирувачка ситуација за родителите – посебно за оние на кои тоа им е прво дете.

И сите сме доживеале во таквите ситуации да се чувствуваме беспомошно. Речиси да е невозможно да го утешиме, а понекогаш дури и самите родители знаат да заплачат поради својата немоќ да помогнат.

Коликите нормално престануваат пред навршени четири до шест месеци. Нормално, секое бебе е различно, но постојат неколку работи кои можете да ги пробате, како би го утешиле или како би му ја олесниле непријатноста низ која поминува.

 Еве неколку предлози:

-Најнапред, држете го бебето во прегратка во текот на епизодата на плачење;

-Дајте му го препорачаниот лек од педијатарот за помош при варењето и ослободување на заробениот воздух во дигестивниот систем;

-Можете да му припремите топла купка;

-Исто така, доколку ви дозволуваат временските прилики излезете со на свеж воздух;

-Почекајте вашето бебе да подригне после секое хранење.

Оставете коментар