ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  5 занимливости за бебињата родени во декември
    5 занимливости за бебињата родени во декември

    5 занимливости за бебињата родени во декември

    Прочитајте што велат истражувањата за бебињата родени во овој месец и што вели статистиката за малечките прекрасни суштества.

    Ако вашето бебе пристига во декември, сметајте дека ќе биде многу среќно бебе. Ова е месец кога се раѓаат најмалку деца (24-ти и 25-ти е најреткиот роденден), па така овие бебиња се посебни уште од раѓање.

    Нормално, ова значи дека веројатно роденденската забава силно ќе се “судри” со божиќните прослави, но и вашето дете ќе расте со сознанието дека месецот декември е навистина магичен.

    Ви носиме неколку статистички податоци за децата кои се родени во декември:

    1.Едноставно будење и рано заспивање

    Истражувањето кое го направија италијанските и шпанските Универзитети покажуваат дека луѓето кои се родени во декември имаат поголеми шанси да бидат утрински типови за разлика од оние кои се родени во Лето. Други истражувања покажуваат дека децата кои се родени во овој месец обично одат порано на спиење.

    2.Често се левораки

    Децата кои се родени во декември имаат голема веројатност да бидат левораки, покажува истражувањето на Универзитетот во Виена. Истражувањето во кое учествуваа 13000 возрасни луѓе, даде резултат од 7.5% жени и 8.8% мажи кои се левораки. Кога се гледала датата на раѓање откриено е дека поголемиот број на левораки мажи се родени помеѓу 1-ви ноември и 1-ви јануари.

    3.Тие се стрелци или јарци

    Ако верувате во астрологија, детето може да биде родено во еден од овие знаци во зависност од тоа дали е родено пред или после 21-ви декември. Оние кои се родени од 1-ви до 21-ви декември спаѓаат во знакот на стрелец и за нив се вели дека се екстроверти кои сакаат да патуваат. Додека пак луѓето кои се родени од 22-ри до 31-ви декември спаѓаат во знакот на јарец, многу се одлучни и сакаат да помагаат.

    4.Долговечност

    Бебињата кои се родени во последниот месец од годината статистички гледано имаат најголеми шанси за долг живот, а тоа значи да доживеат 100 години. Вообичаените примедби на овој месец е дека се случуваат многу забави. Никој (особено децата) не сакаат да почувствуваат дека нивниот роденден е само нешто во низата, но кога семејството го слави роденденот треба да се нагласи дека насмевката на славеникот може да биде најсјајното божиќно светло.

    5.Голема е веројатноста дека ќе бидат стоматолози

    Спрема пописот во Велика Британија истражувачите открија дека постои голема шанса децата кои се родени во декември да станат стоматолози, објави The Guardian. Така што никогаш не е прерано да почнете вашето дете да го учите за оралното здравје.