Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

15 совети за играчките

15 совети за играчките

Треба да бидете многу внимателни кога купувате играчки за децата помали од три години.

1.Немојте да купувате ефтини играчки. Подобро е да купите помалку играчки но тие да бидат “бренд”-играчки од специјализирани продавници. Бидете многу внимателни ако купувате играчки на пазар или на други привремени места за продавање.

2.Прво распрашајте се па потоа купете. Информирајте се за играчките во продавницата. Барајте упатство за ракување, по можност во писмена форма. Сите предупредувања треба да ги има и на македонски јазик.

3.Меките животни и куклите треба да можат да се перат. Очите, копчињата и другите детали треба да бидат добро прицврстени.

4.Немојте да купувате играчки од тенка кршлива пластика. На децата помали од три години потребни им се играчки кои се многу издржливи. Тие треба да издржат детето да ги фрла, треска и гризе а да не се искршат.

5.Фрлете ги тенките пластични пакувања пред да дојдат до рацете на детето. Фрлајте ги и скршените играчки.

6.Симнете ги сите пластични ознаки, пластиките кои ја држат цената и сите ситници кои можат да бидат опасни и кое детето може да ги стави во уста.

7.Бидете внимателни и со играчките во киндер јајцата. Можат да бидат опасни ако детето ги стави во уста.

8.Тропалките, цуцлите-прстени и другите играчки за деца кои сеуште не седат, не смеат да имаат никакви делови кои се испапчени или лепени и кои може да се извадат и да направат проблем во дишните органи на детето, ако детето ги стави во уста.

9.Земете ја играчката во раце. Материјалот од кој е направена играчката обично пука ако е опасен (на пример на пластичните топчиња), или се чувствува како зрнест. Прашајте го продавачот со што е наполнета играчката. Не смее да има ни лошо сошиени рабови кои може лесно да се отшијат. Повлечете ги малку рабовите. На меките животни слаба точка им е работ помеѓу нозете.

10.Топката и другите кружни предмети треба во најдобар случај да бидат најмалку 5 сантиметри во пречник.

11.Бидете сомничави кон предметите кои се направени од пластика која има непријатен мирис. Можеби играчката содржи штетни хемикалии.

12.Кредите, дрвените боички, моливите и сличните работи треба да бидат наменски за мали деца. Моливите за возрасни можат да бидат опасни ако детето ги цица или лиже или ако црта со нив по кожата.

13.Јажињата на играчките, на детското креветче и детската количка не смеат да бидат подолги од 22 см. Ова важи и за малите деца на кои има чворови, или нешто друго што може детето да го завитка околу вратот.

14.Кога детето ќе почне само да се исправува на раце и колена во своето креветче, околу наполнети шест месеци, отстранете ја играчката која е ставена преку креветчето. Се случува децата да висат преку таквите играчки и да има опасност да се загушат.

15.Избегнувајте играчки со силен звук. Пиштоли, мобилни телефони и животни кои силно свират може да им го оштетат слухот на децата.

Оставете коментар