Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Плачливо дете

Плачливо дете

Постои фаза кај проблематичните, хронично плачливи деца кои го загорчуваат животот и на себе и на своите родители. Тоа е форма на претерани барања кои траат со недели и месеци и за тоа да се преброди потребно е многу време.

Од децата кои лелекаат може да слушнете: досадно ми е, не сакам да спијам, сакам да гледам тв и сл.

Зборовите се искажани со молбен, кенкав, протестирачки тон. Истото барање го повторуваат многу пати. Повеќето од барањата се сосема природни, во смисол дека тоа се работи и активности  во кои децата уживаат, но премногу се повторуваат и детето сака да ги изведе во непогодно време или на непогодно место.

Многу од децата лелекаат (кенкаат) само пред едниот родител, не пред двајцата, но некогаш пробуваат какви им се шансите и кај мама и кај тато. Во такви случаи,  лелекањето не е само навика или моментално расположение, претставува и одреден став спрема родителот, или е знак за лесно пореметен однос со родителот.

Во одреден смисол, таквото лелекање не е некој сериозен проблем. Меѓутоа, сосема сигурно е дека ваквата состојба е проблематична за останатите членови на семејството и нивните пријатели, а може да доведе до огромни фрустрации кај родителите кои најчесто го слушаат детето.

Зошто родителите тоа го толерираат?

Некои родители несвесно мислат дека детето има право да бара повеќе и дека родителите мора да му се покоруваат затоа што можеби се криви за нешто-мислат дека не му овозможуваат на детето тоа што му е потребно, или дека не го сакаат доволно. Многу совесни родители кои пораснале во атмосфера исполнета со постојани критики од сопствените родители и кои поради тоа лесно ќе се почувствуваат неспособни, често почнуваат да ги воспитуваат своите деца со лесно чувство дека им недостига знаење за тоа и со страв дека ќе направат нешто погрешно.

Спрема тоа, покорувањето и вината се тие што родителите ги прават неспособни да повлечат линија и одлучно без расправии да се спротистават на лелекањето и молењето на детето. Меѓутоа родителите на овие деца обично не можат да бидат толку строги. Место да кажат- не, не можеш да добиеш ужина затоа што наскоро ќе се руча, тие ќе се сложат: Добро, касни нешто. Одма потоа следи ново барање на детето: можам ли да добијам бисквита? Родителот одговара: нека биде така ама само една, но детето веќе знае дека добило се што сака, и со победнички сјај во очите зема полна дланка бисквити. Децата, тие вечни опортунисти, се прави виртуози да ја видат и да ја искористат колебливоста на родителите.

Што да се превземе?

Пред се, морате да согледате кој ваш став го охрабрува детето во лелекањето. Можеби на некој начин се двоумите, покорувате или се чувствувате криви, а сето тоа, помешано со раздразливост која потекнува од тоа што постојано се чувствувате како жртва. Ова е и најтешкиот дел, затоа што родителите обично се сосема несвесни за било што освен за својата нестрпливост и постојаните барања на детето.

Ако не можете да видите постоење на било каква несигурност во своето однесување, пробајте да размислите за другите причини поради кои вашето дете мисли дека е потребно постојано да лелека, запрашајте се дали можеби несвесно го охрабрувате тоа лелекање-на пример, обрнувајќи повеќе внимание на тоа или предавајќи се за да го запрете нападот.

Кога родителите со природно самопочитување ефикасно постапуваат со своите деца, обично тоа го прават на пријателски начин, истовремено јасно и одлучно. Кажете што имате, поставете граници, но одлучно завршете го секој понатамошен разговор.

Оставете коментар