Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Планирате бебе? Внесувајте фолна киселина

Планирате бебе? Внесувајте фолна киселина

Значењето на фолната киселина во бременоста

Оној момент кога ќе почнете да размислувате за бебе, време е да направите и одговорен чекор – да го зголемите внесувањето на фолна киселина во организмот.

За жените кои планираат да останат бремени и за бремените жени (најмалку во текот на првиот триместар), фолната киселина е многу важна. Нејзиниот дефицит може да влијае на неправилно затворање на неуралната цевка на плодот, која претставува почеток на нервниот систем на фетусот. Незатворена неурална цевка може да предизвика тешки дефекти кај бебето.

Фолната киселина (витамин Б9) посебно е важна помеѓу 22 и 28 ден од зачнувањето, кога многу жени, поготово оние кои немаат редовни менструации, сеуште не се свесни дека се трудни. Тоа е уште една причина поради која е важно со фолната киселина да се почне уште пред бременоста.

Освен преку таблети, лекарите наведуваат дека е важно фолната киселина да се внесува и преку исхрана така што ќе се зголеми внесот на намирници кои ја содржат во повисоки количини. Меѓу нив се зелениот листен зеленчук (спанаќ, блитва, зелена салата), школките, целите црни житарици, цитрусното овошје, посебно портокалите.

Фолната киселина има влијание и на крвната слика затоа што помага во производство на пигментот кој е одговорен за транспорт на железо низ организмот.

Жените кои планираат бременост би требало два до четири месеци пред истата да почнат да внесуваат фолна киселина и преку суплименти , затоа што со исхраната тешко се надохнадува зголемената потреба на организмот кога бременоста ќе се случи.

Намалено ниво на фолна киселина најчесто имаат жените кои забремениле набрзо после породувањето, како и жените кои пушат и пијат многу алкохол, а јадат малку зеленчук.

Препорачаната дневна доза е околу 400 микрограми, со тоа што често се земаат и поголеми дози затоа што вишокот лесно се исфрла од организмот.

 

Оставете коментар