Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Помош моето дете (уште) не зборува

Помош моето дете (уште) не зборува

Дали е нормално двегодишно дете да не знае да изговори ништо друго освен мама и тато”? ако вашето дете спаѓа во ќутливите и одбива да комуницира со зборови, немојте да паничите, стрпливо поттикнувајте го и набљудувајте го со што е преокупирано (можеби со цртање или со некој друг облик на уметничко остварување).

Бавниот развој на говорот, за жал не е секогаш причина за генијалноста на детето. Оваа појава систематски се истражува веќе полни два века. Научниците тврдат дека дури 20% од децата спаѓаат во групата “касноговорници”, од кои се скоро 70% момчиња. Во “касноговорници” спаѓаат деца од две години кои активно користат помалку од 50 зборови и сеуште незнаат да состават двосложени и тросложени реченици на пример “Боби сака” или ”Тато вози автомобил”.

Третата година е одлучувачка

Посебно мора да се посвети внимание на развојот на детето помеѓу втората и третата година. Децата кои касно ќе проговорат не се болни, но тоа не значи дека застојот во развојот на говорот трба да се игнорира. “глупаво е да се оптеретувате со овој проблем”, тврдат стручњаците. “Ако почнете интензивно да го присилувате детето да зборува, можете да ја разрушите природната интеракција со него. Ако говорот не се развива ни во текот на третата година, би било неодговорно од вас да не превземате ништо”.

Околу  третиот роденден детето доживува неверојатни промени. Не е ретка појава одеднаш двегодишното ќутливо дете да стане брбливко. Секако, постојат индивидуални разлики. Децата кои се љубопитни, порано почнуваат да зборуваат од страмежливите деца.

Исто како и во случај на развивањето на моторичките способности, некои деца едноставно  прескокнуваат одредени фази: додека едно дете учи одма да оди пред претходно да лази, другото ќе проговори а пред тоа да не брбљало (фаза на неразбирливо зборување).

Развојот мора да се прати

Освен индивидуалните карактеристики на детето, за развојот на говорот имаат влијание и надворешните фактори: децата во чие семејство малку се разговара им треба повеќе време за да проговорат од децата каде што домашните се разговорливи. Истото важи и за децата кои растат во повеќе јазично семејство. Родителите на овие деца често не се свесни за овој фактор и непотребно се загрижени, бидејќи своето дете го споредуваат со децата кои растат во еднојазично семејство.

Знаци на нормален развој на детето:

        Детето во текот на играњето се однесува исто како и неговите врсници

        Остварува контакт со поглед и со непознати личности

        Во друштво на уште една личност се фокусира на одреден предмет (сликовница, играчка).

        Започнува симболична игра (на пример, го храни мечето или ја облекува куклата)

       Пасивниот речник му е далеку побогат од активниот. На пример, детето незнае да го именува приборот во кујната, но затоа умее на барање на родителите да донесе лажица или виљушка.

         Фондот на зборови му се зголемува од месец во месец.

Две групи на каснопроговорници

Половина од децата кои покасно ќе проговорат ќе успеат да го надокнадат ова заостанување до третиот роденден. Тие продолжуваат нормално да се развиваат и до поаѓањето во училиште нивниот фонд на зборови ќе биде скоро еднаков на фондот на децата што проговориле пред нив.

Другата половина на децата ни до третиот роденден не успеваат да го надокнадат заостанатото. Кај нив обично се утврдува дијагнозата на недоволен развој во говорот и ова пореметување треба да се лечи. На овие деца не само што им е потребно повеќе време да го совладаат говорот, им паѓа тешко и користењето на граматичките правила. Причината за овој проблем може да биде од генетска природа, но некогаш се во прашање и проблемите со слухот, невролошките заболувања или дури и аутизам. Затоа пред донесување на конечната дијагноза обавезно мора да се направи тест за слухот.

Оставете коментар