Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Поопширно за циклусите на спиење на бебето

Поопширно за циклусите на спиење на бебето

Во текот на првите месеци од бебешкиот живот, циклусите на спиење имаат посебен тек. Бебето прво влегува во РЕМ-фаза (препознатлива по движење на очите), а потоа во не-РЕМ-Фаза. По некој месец, овој редослед ќе стане обратен, па РЕМ-фазата ќе следува по не-РЕМ-фазата. Запознајте се со овие циклуси за да разберете зошто бебето спие така како што спие.

РЕМ-фаза: Кога кај бебето се активира режимот на спиење, тој почнува во Рем-фазата. Ова е лесна фаза на сонот. Можно е грчење на рацете, нозете и лицето. Бебето изгледа како да е изненадено. Сето тоа укажува дека режимот на спиење се одвива правилно.

НЕ-РЕМ-сон: Оваа фаза содржи три посебни циклуси.

-Лесен сон: Нема движење на очите, рацете на бебето се "лесни" кога ќе ги подигнете. 

-Длабок сон: Длабоко и бавно дишење, рацете и нозете се "потешки". Бебето треба да изгледа сосем опуштено.

-Многу длабок сон: Телото и екстремитетите изгледаат многу"тешки". Можно е бебето да не реагира ако се обидете да го разбудите. 

Апликација за напредни корисници: тест за фаза на спиење.

Ако сте го заспале бебето со нишкање и сакате да утврдите дали можете да го легнете без да се разбуди, изведете го следниов тест.

1. Фатете една бебешка рака со палецот и показалецот.

2. Нежно кренете ја 5см.

3. Пуштете.

Ако раката падне и бебето не реагира, се активирала фаза на длабок или многу длабок сон, па можете да го легнете бебето без грижа. Ако бебето реагира, во тек е лесен сон или РЕМ-фаза, па дополнителни движења може да го разбудат.

Оставете коментар