Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Пореметување во количината на плодовата вода

Пореметување во количината на плодовата вода

Пореметувањата во количината на плодовата вода можат да бидат во смисла на зголемување на количината на плодовата вода и намалување на количината на плодовата вода во однос на она што вообичаено се забележува во одредена гестациска недела од бременоста. И едниот и другиот вид на отстапување од нормалата може да се нормализира или да се влоши со текот на времето.

Зголемената количина на плодова вода може да биде резултат на одредени проблеми кои бебето ги има – аномалии на главата, дигестивниот тракт, грбот, екстремитетите или проблеми кои мајката може да ги има – шеќерна болест, проблеми со постелката и.т.н.

Намалената количина на плодова вода може да биде резултат на истекување на плодова вода, проблеми со постелката или проблеми во врска со бебето – кога бебето има аномалии со бубрезите или одреден вид  на отстапување од нормалната наследна основа.

Што ќе направи лекарот доколку забележи пореметување во количината на плодовата вода на ултразвукот?

Кога на ултразвучниот преглед ќе се види одредено отстапување од нормалната количина на плодова вода, без оглед во кој правец, лекарот ќе направи детален преглед на бебето, ќе провери какви се протоците низ постелката и ќе одреди кои прегледи треба да ги направи трудницата. Вообичаено контролата се прави за две до три недели, за да се види дали доаѓа до промена на состојбата.

Дали зголемувањето или намалувањето на количината на плодовата вода може да има некакво влијание и каква е прогнозата по бебето, зависи од тоа што е причината за пореметувањето на количината на плодовата вода, за колкаво намалување или зголемување се работи и колку брзо се влошува, за што лекарот ќе поразговара со вас.

 

 

 

 

Оставете коментар