Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Постои објаснување зошто бебето подобро спие во вашиот кревет

Постои објаснување зошто бебето подобро спие во вашиот кревет

Спрема докторот Џејмс Меккени, автор на книгата “Sleeping with your baby: A Parent’s Guide to Cosleeping, бебињата сепак подобро спијат кога се во ист кревет со мајката.

Пред бебето да пристигне, родителите се преокупирани со креветчиња, колевки и други работи кои им се потребни за спиењето на бебето.

А потоа се враќаат со бебето од болница и завршуваат со нова мала личност во креветот. Од некоја причина кога бебето спие заедно со мајката во креветот, тоа спие убаво и нема дополнителни будења. Ако сте се запрашале “Зошто бебето подобро спие со мене во креветот” треба да знаете дека постои добро објаснување за тоа, науката има се објаснето.

Спрема докторот Џејмс Меккени, автор на книгата “Sleeping with your baby: A Parent’s Guide to Cosleeping, бебињата сепак подобро спијат кога се во ист кревет со мајката од една едноставна причина: тие имаат биолошка потреба од тоа.

Во својата колумна за порталот Neuroanthropology.com Меккени тврди:”Неуролошкото реагирање на мајчините мириси, движења и допири потполно го намалува плачењето и позитивно го регулира дишењето, телесната температура, апсорпцијата на калории, нивото на хормони на стрес и протокот на кислород.

Ова се потсетува на она што научниците го зборуваат за позитивните влијанија на контактот кожа на кожа, особено кога се работи за регулирање на нивото на кислород и телесната температура.

Меккени силно се залага за заедничкото спиење, но тоа мора да биде сигурно како не би дошло до гушење и како би се избегнале други опасности.

Др. Сеарс, уште еден поборник за делењето на креветот со бебето, верува дека оваа пракса им помага на бебињата подобро да заспијат затоа што се чувствуваат заштитено и сигурно во текот на ноќта. “Спиењето на градите на мама или тато или на нивните раце е здрав однос спрема спиењето. Детето учи дека одењето на спиење претставува пријатна состојба (што е една од целите на родителите), нагласува докторот Сеарс.

Но и двајцата доктори не спаѓаат во мнозинството. Многу стручни лица сметаат дека заедничкото спиење не е добро, но и предупредуваат на опасности. Спрема американскиот Национален Институт за здравје на детето и човечки развој, синдромот на изненадна доеничка смрт зема повеќе од 3500 бебиња секоја година и покрај сите предупредувања.

Насоките предупредуваат дека детето никогаш не смее да спие на кауч или наслон, а препораките се бебето да има свој простор во собата. Предупредуваат дека бебето треба да се става во заеднички кревет само кога се храни или кога се теши, а потоа да се врати во своето креветче.

Американското здружение на педијатри даде препораки за сигурно спиење и намалување на ризикот од смрт во колевка (SIDS):

-бебето секогаш треба да спие на грб, без разлика дали се работи за дневно или ноќно спиење (немојте да се загрижувате ако вашето дете е доволно големо и самото се врти на стомаче во текот на спиењето).

-доенчето треба да спие на цврста и рамна површина во кревет или колевка која ги задоволува сите услови за безбедност.

-никогаш немојте детето да го оставате да спие на кауч или наслон.

-сите меки објекти вклучувајќи ги играчките, перниците и облогите отстранете ги од креветот.

-најсигурно место за спиење е колевка или креветче кои се сместени во истата просторија каде што спијат родителите.

Оставете коментар