Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Постои причина зошто почесто го носиме бебето на левата страна

Постои причина зошто почесто го носиме бебето на левата страна

Се чини дека на родителите им е поприродно да го држат детето на левата страна, а сега истото е потврдено од страна на едно истражување кое откри која е причината поради тоа.

Една од работите која често доаѓа природно после породувањето е носењето на бебето на левата страна. Имено, резултатите од истражувањето открија дека 70 до 80% од жените ги носат своите бебиња на левата страна.

Неверојатно, но носењето на бебето е нешто што започнува долго пред жената да роди. “Склоноста кон тоа се појавува пред мајчинството и се покажува рано во развојот. Дури и девојчињата од предшколска возраст покажуваат чиста преференција кон левата страна кога е во прашање носењето на кукли и играчки со големина на новородено бебе“, пишува во истражувањето.

Зошто левата страна е поприродна?

Истражувачите специфично проучувале моржови и лилјаци затоа што мајките на тие животински видови се познати по блискиот однос. Тие заклучиле како мајките ги држеле бебињата на левата странапоради подобрата комуникација, затоа што информациите од левото визуелно поле се обработени во десната полутопка на мозокот.

“Десната полутопка од мозокот контролира многу аспекти од социјалното однесување”, објаснува Андреј Гиљов, автор на истражувањето и додава како поголемата вклученост на десната полутопка овозможува оптимална обработка на социјалните информации.

Токму тоа им помага на мајките и нивните потомци да забележуваат и да реагираат на однесувањето со оглед на тоа дека десната полутопка од мозокот е задолжена за јазикот и емоционалните сигнали  и вклучува извршување на задачи како што се препознавањето на лица и емоции.

Со оглед на тоа, носењето на бебето на левата страна ви помага подобро да видите и разберете што детето прави, а способноста за препознавање на бебешките сигнали и одговорите на нивните потреби го унапредува зближувањето и поврзувањето. А најдоброто од се – потполно е природно!

 

 

Оставете коментар
Close