Детскиот фестивал “Поточиња” на македонската сцена за прв пат се појави во 2004 година. Своето прво издание го имаше во Универзалната сала во Скопје и со своите песни за кратко време ги освои срцата на најмалите љубители на музиката. Секоја година редовно со своето одржување ја најавува пролетта. Детскиот фестивал “Поточиња” им овозможува на децата преку песна да зачекорат во светот на семејството, училиштето, градинката, здравите навики, толеранцијата, природата, екологијата, бајките, сказните.
Идејно и концепциски осмислен од страна на композиторот Мирослав Пап, ,,Поточиња” стартува како прв фестивал за деца од предучилишна возраст во Македонија. Успешноста и популарноста на првите изданија на фестивалот доведоа до голем интерес кај деца од училишна возраст за учество на ,,Поточиња” и фестивалот започнува да опфаќа деца - учесници на возраст од 5 до 12 години.
11 години Универзалната сала беше домот каде што Поточиња ги реализираа своите изданија, а по нејзиното затворање изминатиtе 4 години Поточиња своите изданија ги реализира во Македонската Опера и Балет.
Детскиот фестивал ,,Поточиња’’ и во иднина неуморно ќе продолжи да ја развива детската музичка култура и преку забава едукативно да влијае на децата.
powered by different.com.mk
Copyright © 2021 Babyshop.mk. Сите права се задржани.
Дознајте први на Вашата e-mail адреса за најновите производи, најдобрите промоции и поволности.