Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Потстрижување на бебето

Потстрижување на бебето

Во текот на првата година, некои родители се решаваат да ја потстрижат косата на бебето. Кога првпат ќе го сторите ова косата нема да порасне веднаш. Без паника, ова не е дефект. По ова косата ќе почне нормално да си расте.

1.Подгответе ги инструментите. Потребни ви се: еден асистент, крпа, шише со вода и распрснувач, ножици за бебе и некоја играчка или слична занимација.

2.Седнете го бебето во скутот на помошникот со лицето кон вас. Покријте го бебето од вратот надолу со крпа.

3.Навлажнете ја косичката. Покријте ги очите на бебето со дланката, а потоа испрскајте со распрскувачот.

4.Одвлечете го вниманието на бебето од ножиците, инаку ќе се обиде да ги фати, па потсрижувањето ќе стане и потешко и поопасно. Помошникот треба да му го одвлече вниманието со огледало, балон, некоја кукличка или друг вид на забава. Телевизорот може да го занесе бебето и тоа ќе седи помирно.

5. Фатете парче коса меѓу показалецот и средниот прст и исечете со ножиците.

6. Повторувајте додека сите перчиња не добијат должина по желба.

Совет: Ако бебето се противи, можно е да не го завршите целиот процес одеднаш, па затоа потстрижете ги најдолгите и најпроблематичните делови на почетокот.

Оставете коментар