Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Повеќето деца лажат

Повеќето деца лажат

Децата се слатки, нежни, недопрени души кои не знаат како да лажат, а потоа, околу третата или четвртата година, кога ќе сфатат дека не може да им ги читате мислите, започнуваат да изговараат најразлични работи кои немаат врска со вистината."Но, баба, мајка ми дава чоколадо пред ручек", "Да, мамо, јас ги миев рацете кога се вратив од градинка ", "Јас не ја скршив вазната, кучето скокна и и ја бутна" ...

Среќен поќеток за вас, за оваа предизвикувачка фаза - фаза на лажење - која, ако сте мудри, брзо ќе заврши.

Некои деца, кои се вербално подобри, почнуваат да лажат веќена три години а повеќето подоцна, а најинтензивниот период трае од четири до шест години. Некои од нив лажат за да се скрие нешто што го направило, или она што не го направило , а требало да го направат , некои лажат за да се претстават во подобро светло, некои со цел да се добие нешто, и таму се оние кои едноставно сакаат да ја "накитат" секоја приказна и секоја изјава. Без разлика дали се свесни за она што го кажале, било дали лагата умешно ја смислиле се очекува од Вас да им ставите дискретно јасно до знаење дека знаете вистината.

Тоа значи, велат детски психолози, важно за годините што доаѓаат, особено за периодот на школување, бидејќи децата, ако мислат дека некоја лага може да помине, ќе ја користат во изобилие. Лагите во таа возраст стануваат посериозни, бидејќи тие главно се должат на потребата да се избегне казнување, да се скрие недостаток на знаење или лоша оценка, или да се добие нешто од родителот.

Затоа е важно децата, од моментот кога ја изговараат првата лага, да ги поттикнете да ја зборуваат вистината. Пофалете ги секогаш кога ќе признаат дека не се искрени, но и да кажете ин дека поради нивното лажење сте разочарани и тажни. Малите деца, кои штотуку почнале да ја искривуваат вистината, раскажете им приказната за едно момче и волк или кажете им дека она што ви е кажано е вредно за ТВ или добар роман. Тоа е убав начин да му кажете дека знаете дека не ја кажува вистината, а сигурно е подобро отколку да му кажете дека е лажго.

Избегнувајте ситуации кои го надедуваат детето на лага, и следниот пат кога ќе се истури сок на подот не прашувајте, "Кој го истури сокот", туку "Ајде да го избришеме ова." Во тој случај нема да има потреба дететео да ве излаже и ќе се согласи, бидејќи нема да се плаши од вашата реакција или казна.

Децата учат најдобро од своите најблиски, па бидете му добар пример. Не може два дена да ја избегнувате соседката со зборовите: "Еве, ние сме сите болни, ќе пиеме кафе следната недела", а да пукате од здравје, и да не очекувате дека детето ќе излаже првио пат кога нема да сака да го направи она што сте го кажале. Неговото "главата ме боли, не можам да го наместам креветот" ќе биде резултат на вашите акции, па бидете внимателни што правите, и што говорите.

 

Сепак, ако на детето лажењето му прејде во навика и ако лагите станат посериозни, ќе мора малку посериозно да се справите со него. Првиот чекор е да му кажете дека знаете дека лаже и дека лажењето не е во ред. Исто така, објаснете му дека бидејќи не можете да му верувате во иднина може трајно да ја изгуби вашата доверба. Ако ова не помогне, натерајте го секој пат да се соочи со последиците од своите постапки и неговите лаги, без разлика дали тоа е за нешто направено низ домот, за лоша оценка, што се должи на неучењето или сериозни обиди за манипулирање.Kaкo краен случај ви останува да добие соодветна казна.

 

Оставете коментар