Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Повреда на запчињата

Повреда на запчињата

Млечни или постојани заби?

Ако вашето дете пред време го изгуби млечниот заб на пример при паѓање, нема потреба да се паничи и да го носите кај стоматолог, бидејќи секако ќе му излезе нов постојан заб. Меѓутоа, ако детето се повреди и го скрши или изгуби постојаниот заб итно однесете го на стоматолог. Стручните лица кажуваат дека постојаните заби имаат најдобри шанси да се сочуваат, ако повредата се санира во рок од 15 минути. Затоа е важно да ги почитувате упатствата кои се дадени во продолжение. Повеќето од стоматолошките повреди се јавуваат во предучилишниот и училишниот период поради паѓање, додека стоматолошките повреди кај тинејџерите се случуваат на тренинг.

Што треба да се направи?

Ако бебето или детето го повреди непцето или млечниот заб еве што треба да направите:

- Ако местото крвари, притиснете го со ладна и влажна газа. Ако вашето дете е доволно големо да може да ги прати вашите упатства, кажете му да ја загризе газата и да ја придржува со рака.

- Понудете му да цица коцка мраз за да се смали отокот или држете мраз на образот, замотан во крпа.

- Дајте му на детето парацетамол или бруфен за да му помине болката.

- Јавете се на стоматолог

- Внимавајте да не дојде до отекување на непцето, силни болки, грозница или промена на бојата на забите.

Ако го скрши постојаниот заб:

- Соберете ги деловите од забот.

- Измијте му ја на детето устата со топла вода.

- Јавете се кај стоматологот и закажете преглед веднаш.

Ако е изваден постојан заб:

Одете веднаш кај стоматолог, но пред тоа:

- Најдете го забот.

- Држете го забот на коронката, но никако на коренот на забот.

- Ставете го забот во физиолишки раствор (се купува во апотека), доколку имате. Ако во моментот немате, ставете го забот во сад со млеко или во плунката на вашето дете. Може да го ставите забот помеѓу долната усна и непцето. Немојте да го ставате во вода од чешма.

- На поголемите деца и на тинејџерите пробајте да им го вратите забот на местото од каде што паднал без да го допрете коренот. Потоа вашето дете нека ја загризе газата или марамчето да го сопрете крварењето и болката.

Превенција

- Проветете дали децата носат кацига и заштитна опрема додека возат велосипед, скејт или ролери.

Пазете на безбедноста во домот за да ги спречите паѓањата.

Оставете коментар