Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Поврзување со новото бебе

Поврзување со новото бебе

Се препорачува мајката да се поврзе со бебето колку што е можно побргу по породувањето. Најчесто до поврзување доаѓа веднаш. Во некои случаи, на бебето и на мајката може да им теба извесно време. Сите бебиња се различни и секој  од нас ќе се поврзе на свој начин. Сепак, ако не се чувствувате поврзани со бебето 3 до 4 недели, препорачуваме за ова да подискутирате со вашата сервисна служба.

1. Видете го, мириснете го и допрете го бебето во првата пригода. Ако неговото здравје дозволува, замолете ги сестрата, бабицата или лекарот да ви го положат на гради веднаш по раѓањето.

2. Мајките кои се решаваат да дојат треба да почнат колку што е можно поскоро. Физичкиот чин може да го забрза создавањето на врската помеѓу мајката и бебето. Мајчиното млеко е од огромна полза за здравјето на бебето. Доењето стимулира и хормони што ја контрахираат матката, со што се намалува постпородилното крварење.

3. Гледајте бебето да биде до вас. Ако неговото здравје дозволува, издејствувајте да престојува во вашата соба. Зборувајте му и пејте му. Тоа може да го препознае вашиот глас.

Внимание: Не брзајте. На некои мајки ќе им треба повеќе време да ги направат овие чекори. Ако се јави потреба да закрепнете од траумата на пораѓањето пред да почнете да бидете во постојан контакт со новороденчето, направете така. Секако дека е важно мајката и бебето да бидат заедно-но уште е поважно мајката да биде подготвена за тоа. Додека мајката закрепнува, бебето можат да го надгледуваат болничките сестри, другиот родител или членовите на семејството.

Оставете коментар