Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Поврзувањето на друштвените мрежи со развојот на менталните заболувања кај децата

Поврзувањето на друштвените мрежи со развојот на менталните заболувања кај децата

Официјални статистички податоци покажуваат дека децата кои поминуваат повеќе од три часa на друштвените мрежи имаат двојно поголема можност ментално да заболат, од децата кои ги користат друштвените мрежи умерено.

Статистичките податоци покажуваат дека нивото на емоционални проблеми, хиперактивност и лошо однесување се јавува кај младите луѓе кои поминуваат многу време на веб страниците како фејсбук, твитер и пинтерест.

Утврдено е дека 56% од децата поминуваат по три часа на друштвените мрежи, додека околу 8% деца поминуваат повеќе од три часа во текот на училишните денови.

Девојчињата поминуваат повеќе време на друштвените мрежи околу 11%, во однос на момчињата кои поминуваат помалку време односно околу 5%.

Извештаите на стручните лица ја покажуваат поврзаноста на времето поминато на друштвените мрежи со однесувањето на децата што го покажува проблемот на ментално здравје.

Кај оние деца кои поминале повеќе од три часа на друштвените мрежи во текот на училишните денови се забележуваат големи тешкотии во напредувањето, за разлика од децата кои не користат или поминуваат помалку време на друштвените мрежи.

“Од децата кои поминале повеќе од три часа на друштвените мрежи во текот на училишнен ден, кај 27% забележан е висок или многу висок степен на потешкотии”.

Во извештаите се истакнува дека друштвените медиуми се се поприсутни во современиот живот и дека можат да дадат голем допринос во поврзувањето со други луѓе, но се истакнува и дека друштвените мрежи можат да бидат извор на споредба во друштвото, виртуелна злоупотреба и изолација, што многу често прави контра ефект.

Многу истражувања покажуваат и поврзаност помеѓу времето поминато пред екран (вклучено е и гледањето на ТВ, ДВД и видео) и зголеменото ниво на емоционален стрес, анксиозност и депресија.

Оставете коментар