Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Пребродете ја настинката: Сите одговори на едно место

Пребродете ја настинката: Сите одговори на едно место

Настинка во бременоста

Олеснување

Ако се работи за обична настинка, пропратена со кашлање и течење на носост, без посебни симптоми, не треба многу да се грижите, но ако се работи за вироза која предизвикува болки во мускулите, главоболка и висока температура, задолжително одете на лекар. Ако сте бремени, не значи дека не треба да ги третирате симптомите кои ви предизвикуваат болки и нелагодност, само треба да пазите што користите, и секако посоветувајте се со својот гинеколог наместо со лекарот по општа медицина. Ако само кашлате и ви тече носот, избегнувајте лекови на база на ибупрофен и користете парацетамол за покачена температурата, главоболката и болките во зглобовите.

Ублажете ги симптомите

Ве гребе грлото како да сте проголтале скршено стакло? Сирупот против кашлица на база на глицерин е добар во бременоста, но исто ефикасна ќе биде и топлата напивка со мед од манука, растение познато по своите противвоспалителни и антибактериски својства. Во чаша со топла вода помешајте една лажица од овој мед и исцедете пола лимун. После неколку дена одмор и земање на чајот, настинката сама ќе се повлече. Избегнувајте земање на лекови на своја рака!

Опуштет се

Во текот на девет месеци сите имаме големи шанси да настинеме. Бремените жени сепак се малку поосетливи и изложени на вирусни инфекции, поради ослабениот имунитет, затоа што телото ја користи целата енергија за бебето, а имуниот систем е нормално ослабен за телото да не го отфрли плодот. Најдобро е да го намалите темпото, опуштете се и чувајте ја силата. Значи, повеќе одмарајте, земајте доволно течности, користете спрејови на база на морска вода, хранете се здраво и инхалирајте се. Не се грижете ако не се чувствувате најдобро, обичната настинка не може да му наштети на бебето.

Одете на лекар

Главоболката, течењето на носот и кашлањето се симптоми кои ја карактеризираат настинката. Но, грипот може да биде лош во бременоста и да му наштети на бебето. Ако одеднаш имате грозница, главоболка и студенило кое се менува со зголемена температура, или се чувствувате како да ве прегазил воз, отидете одма на лекар. Имајте на ум дека ако температурата ви е зголемена повеќе од 39 степени С, може да се поремети снабдувањето на бебето со крв, а во напредна бременост и да предизвика почетни контракции. Треба да знаете дека сите бремени жени имаат право на вакцина против грип.

Инхалирање наместо лекови

Популарните фармацевтски производи за брзо третирање на симптомите на настинката во вид на таблети или прав за растворање во вода не се добар избор за бремените, затоа што фенилефринот состојката која ја содржат ги стеснува крвните садови и така го намалува дотокот на крвта во постелката. Наместо нив, изберете го традиционалното инхалирање над топол чај, во кој можете да додадете неколку капки есенцијално масло еукалиптус.

Оставете коментар