Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Премногу допир никогаш не е премногу

Премногу допир никогаш не е премногу

Новата студија покажа дека држењето на бебето во прегратка влијае на развојот на неговиот мозок.

Последното истражување кое го спроведоа стручните лица од Националната детска болница во Охајо покажа дека држењето на бебето во прегратка, нежниот допир и галењето, значајно допринесуваат за развојот на мозокот, посебно кога се работи за бебиња кои се родени предвреме.

Истражувачите испитуваа 125 новородени бебиња, како предвреме родени, така и оние кои се родени во термин. Недоносените имаа помала реакција и помал одговор на допир од бебињата родени на време, посебно оние кои биле изложени на одредени медицински процедури. Меѓутоа, предвреме родените бебиња кои почесто биле изложени на нежните допири од таткото и мајката, подоцна покажувале посилна реакција на допир.

Др. Натали Метр, која го водеше целиот проект од истражувањето, даде едноставен заклучок дека нежните допири и љубовта допринесуваат за развојот на мозокот.

“Погрижете се вашето бебе да добива нежни, чувствителни допири “кожа на кожа” затоа што тоа е од суштинска важност која ќе помогне неговиот мозок побрзо да се развие и да реагира на начин сличен на оној кога било во стомакот на мајката”, појаснува докторката.

Оставете коментар